Даночните обврзници во туристичките места и на патните делници под засилен мониторинг на УЈП

Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети. Како што информираат од УЈП, покрај тоа, активно ја следат и даночната дисциплина кај сите даночни обврзници. - Апелираме даночните обврзници редовно...

ЕК ќе понуди по 6.000 евра за секој прифатен мигрант

Европската комисија објави два документа во кои ги прецизира плановите што треба да ја извлечат Европската унија од политичката криза во која се наоѓа поради предизвиците со миграцијата. Еден од предлозите на ЕК е да им понуди на земјите членки на ЕУ по 6.000 евра за секој бегалец што би го примила, и со тоа да ги поттикне земјите да...

Инцидент на „Тур де Франс“- натпреварувачи испрскани со хемикалија

Светската велосипедска трка „Тур де Франс“ денеска кратко време беше прекината откако учесниците беа испрскани со непозната хемикалија, најверојатно со солзавец или бибер спреј. Водечката група натпреварувачи, меѓу кои и четрикратниот шампион, Британецот Кристофер Фрум од тимот „Скај“, добија лекарска помош поради печење на очите. Трката повторно почна и денеска се вози етапата од Каркасон до Бањер де Лишон, долга 218...

МНР: Македонски државјани не побарале помош по пожарите во околината на Атина

Заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина, соопштија денеска од македонското МНР. Наведуваат дека во моментов немаат официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари. Од МНР препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Контакт телефонот на Канцеларијата за врски...

Температурата и во наредните денови ќе биде под просекот за овој период од годината

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека следува период на променливо облачно и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Утре понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен со засилен северозападен ветер. - Дневната температура и во наредните денови ќе биде малку под просекот за овој период од годината, информира УХМР.  Во...

Сириски „Сухој“ соборен над Израел

Израелското воено воздухопловство собори сириски ловец од типот „Сухој“, кој навлегол во воздушниот простор на Израел, јави ДПА.  Армијата на Израел информира дека кон сирискиот „Сухој“ биле истрелани две рекети од типот „Патриот“, откако тој навлегол два километри на израелска територија. Засега нема информации за судбината на пилотот на сирискиот ловец.

Црногорците земале кредити од 1,19 милијарди евра за половина година

Од вкупно 1,19 милијарди евра кредити, со кои во првата половина од годината населението на Црна Гора се задолжило, 621 милион евра се готовински и ненаменски, а 367 милиони евра се станбени, соопшти Централната банка. Според податоците на Банката, граѓаните најмногу се задолжуваат за ненаменско трошење и тоа со високи камати. Задолжувањето на населението кон банките дополнително се зголеми минатата година...

Убиецот на Мартин Нешкоски пуштен од затвор на лекување

Осудениот за убиството на Мартин Нешкоски, Игор Спасов, привремено е пуштен од затворот „Идризово“ поради здравствени проблеми. Тој првично добил прекин на издржувањето на затворската казна од 22 јуни до 7 јули, за судот потоа да го продолжи прекинот до 6 август, врз основа за медицинската документација. - Поради сомневање за влошување на здравствената состојба, на барање на КПД Идризово, по претходно...

Демаркацијата на границата можен нов услов за Белград и Приштина на патот кон ЕУ

Демаркацијата на границата меѓу Косово и Србија се очекува да биде следниот услов што ЕУ ќе им го постави на Приштина и Белград во процесот на нивната евроинтеграција, тврдат приштинските медиуми.  Како што јави Танјуг, ваквите најави следат неколку дена откако припадници на КФОР поставија ознака за границата меѓу Србија и Косово во селото Карачево во општина Каменица и покрај...

Николовски: Очекувам за неколку часа Косово да ја повлече одлуката за царините

Во следните неколку часа се очекува косовската Влада да се произнесе околу одлуката за зголемените царини за овошјето и зеленчукот, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Николовски на прес-конференција во Владата рече дека очекува позитивен исход, односно повлекување на мерката. - Одлуката мора да биде повлечена. Сите разговори одат во тој правец. Во постојана комуникација сме со косовските колеги,...