Трамп со подобрен рејтинг, економијата најсилен адут
Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп е значително подобрен во споредба со лани во јули, покажува најновата анкета на телевизијата „Ен-Би-Си Њуз“ и весникот „Волстрит Џурнал“.
Во моментов, поддршката за Трамп меѓу Американците изнесува 45 отсто, додека лани во јули во слична анкета на телевизијата „Еј-Би-Си Њуз“ и весникот „Вашингтон Пост“, рејтингот на претседателот беше само 36 отсто.
Како што јави дописникот...
Путин и Трамп планираат уште една средба до крајот на годината
Кремљ денеска потврди дека Вашингтон предложил до крајот на 2018 година да се организира нова средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.
- Можно е средбата да се одржи во рамките на Самитот на Г-20 во Аргентина или при некој друг меѓународен собир - изјави портпаролот на Путин, Јури Ушаков.
Според него, не се планира Путин да отпатува...
Градот предизвика големи штети на посевите во Гевглија
Невремето проследено со град вчера во попладневните часови предизвика големи штети на земјоделските посеви во селата Негорци, Ново Конско и делови од Мрзенци, Смоквица и Милетково, соопштија денеска од Општинската комисија за проценка на штети.
Најголеми се оштетувањата на земјоделските култури и лозјата на кои бербата само што почна, а според првичните неофицијални проценки во делови на Негорци тие се...
Француската Влада пред импичмент поради скандалот со телохранителот на Макрон
Француската опозициска конзервативна партија Републиканци денеска побара гласање недоверба на Владата на Франција, поради скандалот во кој висок припадник на обезбездувањето на претседателот Емануел Макрон претепа двајца учесници на првомајските протести во Париз.
Скандалот избувна откако беше објавено дека неформалниот шеф на личното обезбедување на Макрон, Александр Бенала претепува учесник на протестите.
И покрај младоста и релативно ниската формална функција, 26-годишниот...
Се утврдува дали има пропуст во текот на лекувањето на трите деца со дијабетес
Во тек е процедура во институциите за утврдување дали има пропуст во стручноста во водењето на трите деца со дијабетес тип 1, од Свети Николе, Гевгелија и Охрид, кои во состојба на кетоацидоза се примени во Клиничкиот центар во Скопје.
Ова денеска го изјавија претседателот на Лекарската комора на Македонија Калина Гривчева Старделова и Катарина Ставриќ од Клиниката за детски...
Тачи: Расветлувањето на убиството на Ивановиќ ќе предизвика големи главоболки во Белград и Приштина
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека во моментот кога ќе се дознае вистината за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, ќе се јави „голема главоболка“ во Белград, но и во Приштина, јави дописникот на МИА од Приштина.
- Се надевам дека домашните институции работат максимално за да се дознае вистината за луѓето кои го извршија злосторството и...
Противпожарна служба на Грција: Најмалку 74 загинати, 187 повредени
На 74 лица се искачи бројот на жртвите во пожарите во околината на Атина, додека пак повредени се 187 лица, од кои 23 деца, соопшти портпаролката на грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.
- Последните официјални податоци се следните: бројот на загинати се искачи на 74 лица. Вкупниот број на повредени е 164 возрасни лица и 23...
За неколку дена три деца хоспитализирани со дијабет
На ЈЗУ Клиника за детски болести во периодот од 17 до 24 јули хоспитализирани се три деца со дијагноза дијабетес, на три, девет и 14-годишна возраст.
Од Клиниката за детски болести информираат дека првиот пациент е примен на 17 јули и станува збор за дете на возраст од три години, кое е упатено од матичен педијатар по направени првични анализи...
Даночните обврзници во туристичките места и на патните делници под засилен мониторинг на УЈП
Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.
Како што информираат од УЈП, покрај тоа, активно ја следат и даночната дисциплина кај сите даночни обврзници.
- Апелираме даночните обврзници редовно...
ЕК ќе понуди по 6.000 евра за секој прифатен мигрант
Европската комисија објави два документа во кои ги прецизира плановите што треба да ја извлечат Европската унија од политичката криза во која се наоѓа поради предизвиците со миграцијата.
Еден од предлозите на ЕК е да им понуди на земјите членки на ЕУ по 6.000 евра за секој бегалец што би го примила, и со тоа да ги поттикне земјите да...






































