Турското Собрание го усвои новиот антитерористички закон
Турското Национално собрание денеска усвои антитерористички закон со кој се регулира начинот за отпуштање на судии, офицери, поротници и вработени во министерства.
Со законот им се даваат и пошироки овластувања на гувернерите на турските провинции за справување со немири, како и за ограничување на јавните собири.
Законот е донесен шест дена по укинувањето на вонредната состојба, која беше воведена по неуспешниот...
НФФ: Косовската одлука покажа дека пласманот е реален проблем на македонското земјоделство
Косовската одлука за зголемување на царините само потврди дека пласманот на производите се уште е еден од најголемите проблеми на македонското земјоделство, смета Националната федерација на фармери (НФФ).
- Сегашната примена на оваа мерка од страна на Косово веќе создаде големи негативни последици: загуби во трговската размена од неколку милиони долари, намалени цени на откуп на домашните пазари, намалена доверба...
Фејсбук блокираше страници со лажни вести пред изборите во Бразил
Фејсбук ја блокираше мрежата од страници преку која членовите на десничарската бразилска група Движење за слободен Бразил ширеа лажни вести.
Блокирањето на страниците е една од мерките на бразилските власти за борба против ширењето лажни вести пред изборите кои ќе се одржат во октомври.
Вкупно биле блокирани 196 страници и 87 профили заради, како што е наведено, „кординираното учество во мрежа...
Унгарија испрати граничари во Македонија и Србија
Унгарија испрати 30 полицајци во Македонија и 15 во Србија, со задача да патролираат заедно со македонските и српските погранични служби и да спречуваат илегален премин на границите.
Унгарските полицајци се опремени со теренски возила и средства за термално и ноќно набљудување на теренот.
Унгарија испраќа персонал и помош за обезбедување на балканските граници уште од големата мигрантска криза во 2015...
Почина родилка породена во гинеколкошката болница во Чаир
Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Скопје, денеска соопшти дека во претпладневните часови родилка починала како резултат на комплицирана бременост. Во соопштението се наведува дека родилката била породена со царски рез и оти родила живо новороденче, по што нејзината здравствена состојба се комплицирала и била префрлена во поранешната градска болница во Скопје, каде што починала.
Како што наведуваат...
Градоначалникот на Ново село Стојчев доби казна затвор од 18 месеци
По денешната главна расправа, струмичкиот суд ги изрече пресудите за градоначалникот на Ново село – Боро Стојчев и останатите лица кои на 10 јули беа фатени на локалитетот Попова чука како пренесуваат цигари. Како што информираа од судот, градоначалникот Стојчев е осуден на казна затвор од година и шест месеци додека неговиот син и внук добија казна затвор од...
Бектеши во петок ќе се сретне со косовскиот министер за трговија Хасани
По заклучоците од денешниот состанок на ЦЕФТА земјите во Белград за косовските царини, министерот за економија Крешник Бектеши најави состанок со неговиот косовски колега Хасани за петок, 27 јули.
Косовската Влада вчера донесе одлука за делумно повлекување на времената мерка, но со неа останаа опфатени доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето.
- Во име на досегашната успешна трговска и, воопшто, економска...
Нов Зеланд воведува платен одмор за жртвите на семејно насилство
Новозеландскиот Парламент денеска усвои Закон со кој се предвидува посебен платен десетдневен одмор за жртвите на семејно насилство.
Целта на оваа мерка е да им се помогне на жртвите да ги напуштат своите домови, каде биле изложени на насилство. На овој начин на овие лица ќе им биде овозможено да заминат на одмор, без да стравуваат дека ќе ја загубат...
Најмалку 26 загинати и 131 исчезнати при уривање на брана во Лаос
Спасувачките служби досега пронајдоа 28 тела на загинати при поплавите предизвикани во понеделникот по уривањето на брана во провинцијата Атапу во југоисточен Лаос, соопштија денеска лаоските власти.
Во соопштението се посочува дека вкупно 131 лице се водат како исчезнати и се стравува дека најголемиот број од нив се загинати.
Надојдената водата поплави шест села, при што се уништени или оштетени домовите на...
Вкупно 175 мигранти пресретнати крај бреговите на Шпанија
Шпанската Национална спасувачка служба во текот на денот пресретна 175 мигранти во неколку пловила во близина на јужниот брег на Шпанија.
Службата информира дека спровела 14 спасувачки операции во реонот на Гибралтарскиот Проток.
Во меѓу време, Меѓународната организација за миграција (ИОМ) информира дека од почетокот на годината преку Средозменото Море во Европа пристигнала над 50.000 мигранти.
Во истиот период на пат кон...







































