Саудиски танкер нападнат од јеменските бунтовници
Саудиска Арабија привремено ја запре испораката на нафта низ теснецот Баб-ел-Мандеб, откако јеменските бунтовници нападнаа саудиски нафтен танкер во близината на западниот брег на Јемен. Саудиските власти соопштија дека паузата во испораката ќе трае низ теснецот, кој ги поврзува Црвено Море и Аденскиот Залив, пренесува РТ.
Одлуката на Ријад следува по нападот на бунтовниците Хути врз саудискиот танкер во Црвено...
Повредено младо момче на автопатот Скопје – Тетово
На автопатот Скопје-Тетово вчера околу 15 часот се случила сообраќајна незгода.
Во истата учествувале патничко моторно возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици управувано од Н.А.(64) од село Доброште и патничко моторно „Форд“ со скопски регистерски таблици управувано од Н.Р.(25) од Тетово.
Н.Р. се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, а по укажаната лекарска помош бил...
Опожарена барака во Ченто, штетата 200.000 денари
Барака од 70 метри квадратни на улицата „Сречко Пужалка“ број 65 во населбата Ченто е опожарена ноќеска. Повредени нема, причинета е само материјална штета која се проценува на 200.000 денари.
Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот избувнал половина час по полноќ, а до два часот е ставен под контрола.
Интервенирано е со пет возила и 13 пожарникари.
Орбан повторно со остри напади кон Европската Комисија
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, реагираше на одлуката на Европската Комисија да отвори прекршочна процедура против Унгарија за законот со кој можат кривично да се гонат невладини кои им помагаат на бегалците.
Европската Комисија неодамна одлучи дека овој закон, како и претходниот закон поврзан за правото на азил во Унгарија, ги прекршуваат европските правила. За едниот случај Унгарија ќе одговара пред...
Делегации положија цвеќе пред Споменикот на загинатите од земјотресот
Домашни и странски делегации на Градските гробишта во Бутел, положија цвеќиња пред Споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи пред 55 години.
Во чест на загинатите, венец положи официјална делегација на градот, предводена од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и делегација на Советот на Скопје.
Со положување цвеќе почит на жртвите во скопскиот земјотрес од далечната...
Станбените сервиси менуваат само светилки, а ги избегнуваат лифтовите
Станбените сервиси се задолжени за комплетно одржување на заедничките простории на станарите во една станбена зграда, за нивните заеднички инсталации и за лифтовите. Но кога станува збор за овие превозни средства, во повеќекатниците како намерно да ги одбегнуваат. Не е доволно само да менуваат светилки и да ја одржуваат хигиената, бидејќи секојдневно станарите имаат потреба од лифтовите и од...
Мноштво сценарија во едно прашање
ЗОШТО РЕФЕРЕНДУМОТ ОТВОРА МНОГУ НЕДОУМИЦИ
Во овој миг, пред да се дефинираат сите референдумски позиции, речиси е невозможно да се претпостави колку сценарија за иднината на Македонија можат да произлезат само од едно референдумско прашање. Без оглед на резултатите од референдумот, професорот Шкариќ смета дека тој ќе предизвика тектонски промени во државата, Република Македонија
Со изгласувањето по брза постапка на новиот...
Луксузни летачки возила што личат на спортски автомобили за небото
" order_by="sortorder" order_direction="ASC" returns="included" maximum_entity_count="500"]
Концептот на „Воланте вижн“ ќе може да достигне брзина од околу 320 километри на час
Во Фарнбороуг, Англија, беше претставено футуристичкото авионско летало со епитетот спортски автомобил на небото. Пред две недели на настанот „Аиршоу“ беше претставено хибридното електрично возило со три седишта. Иако според концептот ова возило изгледа како да е од научната фантастика, сепак...
Што кријат класифицираните документи околу преговорите за името?
Објавувањето информации класификувани како државна тајна може да направи трајни штетни последици врз државните интереси на РМ. Овој процес уште трае, пред нас е референдум, а пред Грција ратификација. Објавувањето ставови и преговарачки позиции може да му наштети на овој процес, тврди министерот Димитров
За некои од експертите е нелогично да се крие нешто од граѓаните, особено што договорот со...
Екологистите бараат одговор од Владата за гасоводот што треба да минува низ Водно
Група еколошки здруженија и граѓански иницијативи денеска преку соопштение реагираат на одлуката гасоводната делница Скопје-Тетово-Гостивар да продолжи да се гради по истата траса, низ Парк шумата Водно. Очекуваат одговор од Владата за ова прашање.
- По повод вчерашната објава на изјавата на директорот на МЕР каде Владата одлучила гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар да продолжи да се гради...





































