Нема подолги задржувања на ГП „Богородица“

На најфреквентен граничен премин „Богородица“ во моментот за излез и влез во државата се чека најмногу петнаесетина минути, информираат од дежурната гранична служба. - Тоа е времето потребно за објавување на граничните и царинските формалности, а задржувањето не било поголемо ниту утрово, во времето од 7:30 до 9:00 часот кога се направила најголемата гужва денеска -појасни командирот Миле Тошев. Најмногубројни се...

Жена повредена од куршум на свадба во Тетово

Клиничкиот центар-Тетово вчера вечерта била донесена Ф.А. (53) од Тетово со нанесена повреда на левата надлактица од огнено оружје. -Ф.А. додека била на свадбена веселба во дворот од куќа на улицата „Полог“ во еден момент се пожалила на болки, по што од еден присутните била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Духот за размена на територии повторно пуштен од шише

Србија - Старо-нови идеи за прекројување на балканските граници „Планот“ на Вучиќ за поставувањето нови граници на Косово би претставувал сериозна закана за безбедноста во регионот и би значел директно поништување на резолуцијата на ОН за неменливост на границите на Балканот, посочуваат повеќе експерти Концептот на српскиот претседател Александар Вучиќ за расплеткување на косовскиот јазол со ново разграничување на северниот српски...

Со канонада меѓусебни напади се вжарува политичката клима

Се чини дека политичките страсти пред најавениот референдум се во фаза на секојдневно зовривање. Општеството е политички длабоко поделено токму во моменти кога во државата треба да се формираат предусловите за да може да се спроведе референдумот. На ваква констатација нѐ наведуваат последните соопштенија на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во кои тие меѓусебно се обвинуваа за сторени...

Луѓето од целиот свет го гледаа затемнувањето на Месечината

Луѓето од целиот свет синоќа го гледаа затемнувањето на Месечината, најдолго во овој век. Од Ртот на Добра надеж до Блискиот Исток, од Москва до Сиднеј, илјадници луѓе ги вперија очите кон ѕвездите да ја набљудуваат Месечината, која се затемни пред да блесне во портокалова и темноцрвена боја додека заоѓаше во Земјината сенка. Целосното затемнување можеше да се види од Европа,...

Лидерите на ЕУ во септември во Салцбург ќе разговараат за Брегзит

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за Брегзит кога ќе се состанат во австрискиот град Салцбург, на 20 септември, соопшти денеска кабинетот на британската премиерка Тереза Мај, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц. - Самитот ќе биде посветен на илегалната миграција, а во врска со тоа, премиерката потврди дека Велика Британија ќе продолжи да соработува со ЕУ и по...

Скопје издвои 2 милиони денари помош за опожарените во Грција

Советот на градот Скопје на вонредна седница едногласно донесе одлука за давање парична помош во износ од милион денари и непарична помош, исто така, во износ од милион денари на настраданите во катастрофалните пожари во Република Грција. - Денеска е тажен ден за нашиот град. Одбележуваме точно 55 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, а...

Во Калифорнија изгореа околу 500 згради, а 5.000 се под закана

Најмалку 500 згради изгореа во шумските пожари во големите шумски пожари во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, а 5.000 се под закана, соопшти Одделот за противпожарна заштита на Калифорнија. Претходно беше соопштено дека пожарите уништиле 65 објекти, а околу 500 други се во опсаност да бидат зафатени од огнот. Еден пожарникар загина вчера при гаснење на големите пожари. Како што соопшти Одделот...

Момчето што спаси 36 животи во скопскиот земјотрес

Многу се и сѐ уште не можат да се раскажат сите приказни на луѓето што го преживеале катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Тие стравични спомени на една тешка катастрофа длабоко останале врежани во сеќавањата на многумина што се обидувале од под урнатините да ги извадат мртвите и живите што очекувале некој да им подаде рака и да...