Унгарска вечер во центарот на Прилеп
Вечерва од 20.30 часот на просторот околу Градскиот Саат во Прилеп ќе се одржи Унгарска вечер, на која ќе настапат оркестарот Фокош и ГФ „Селенце“. Вечерта ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Здружението на
Унгарци Телехаз и Амбасадата на Унгарија во РМ.
Фолклорната група „Селенце“ основана е 1994 година како дел од Културното Друштво Шандор Петефи од Бечеј, Србија....
На аџилак годинава ќе заминат 672 верници од Македонија
Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11 до 15 август ќе патуваат со четири авионски чартер летови. Ова го изјави генералнот секретар на Исламската верска заедница на Македонија, Ирсал Јакупи.
Од дебарското муфтиство кое ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 26 верници.
- Нашето...
Запален автомобил во Ченто
Еден автомобил рано изутрината бил запален на улицата „Методија Андонов Ченто“ бр. 161 во Скопје.
Како што информира командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески случајот бил пријавен на „193“ во 3:05 часот изутрината, а пожарот бил изгаснат во 4 часот.
- Опожарени се делови од возилото и причинета е материјална штета од околу 60 илјади денари....
Апсења во Венецуела по атентатот врз Мадуро
Властите во Венецуела уапсија 11 новинари по атентатот врз претседателот Николас Мадуро, соопшти Националниот синдикат на работници во печатот.
- Единаесет новинари и соработници во медиумите беа неосновано приведени, а уште неколку беа претепани или ограбени. Не прифаќаме слични активности и инсистираме одговорните за ова прекршување на правото на информации да бидат казнети, се вели во соопштението на синдикатот.
Меѓу затворениците...
Што мислат Американците за трговските односи на САД?
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе двоцифрени царини против кинески стоки во вредност од десетици милијарди долари, што го поттикна Пекинг да наметне одмазднички тарифи за увозот на САД. Трговската војна може уште повеќе да ескалира, бидејќи Трамп се заканува дека ќе воведе високи царини за нови кинески стоки во вредност од 200 милијарди долари, како овошје, зеленчук и јаглен....
Нивото на реката Треска пет пати повисоко од просекот
Пет пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно се зголемени нивоата на реката Пчиња кај Катлановска бања и на Црна река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Двојно зголемување на нивоата, пак, има на реката Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија.
Нивоата на Охридското и Преспанското езеро се во рамки...
Подемот на синот на Бин Ладен потврден со брак во знакот на 11 септември
Хамза бин Ладен, синот на озлогласениот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен, стапил во брак со ќерката на Мохамед Ата, водачот на терористичките напади од 11 септември 2001 година во Њујорк, пренесува „Гардијан“.
Информацијата ја потврдија полубраќата на Хамза, Ахмад и Хасан ал Атас, во текот на неодамнешното интервју за британскиот весник. Тие сметаат дека Хамза зазема водечка позиција...
Девет сезони англискиот првак не ја одбранува титулата
Во истиот тој деветгодишен период, Баерн шест пати по ред беше првак на Германија, Барселона двапати по двапати беше првак во низа во Шпанија, Јувентус во Италија освои седум титули по ред во Италија, а Пари сен Жермен четири пати беше првак од 2013 до 2016 година во Франција
Новата сезона во англиската фудбалска Премиер-лига, веројатно во моментов најсилното домашно...
Охриѓанец загина кај Косел, со мотоцикл удрил во автобус
Љупчо Ј. (32) од Охрид загина во сообраќајна несреќа што вчера попладнето се случи на магистралниот патен правец Охрид - Ресен, кај селото Косел.
Тој во својство на мотоциклист на критичното место изгубил контрола врз мотоциклот и удрил во задниот дел на автобус со кочански регистерски таблички, запрен покрај патот и надвор од коловозот. Екипата на Службата за итна медицинска...







































