Во Прилеп почнува одбележувањето на 17-годишнината од „Карпалак“

Со повеќе настани, Прилеп ги почнува чествувањата по повод 17-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои во заседа на патот Скопје-Тетово, кај месноста „Карпалак“ беа убиени на 8 август 2001 година. По тој повод, денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски се сретна со семејствата на загинатите бранители. Пред 17 години, изутрината од заседа се убиени прилепските бранители: Сашо Китаноски, Нане...

Вонредна инспекција во пекарница по објавена фотографија со глушец

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде налог и во моментов врши вонредна инспекциска контрола кај операторот со храна - производител на леб и бели печива, по објавената фотографија на социјалните мрежи за еден од објектите на операторот, на која се гледа глодар на една од масите каде се послужува храна. - Во рамки на законските надлежности, инспекциските служби вршат...

Мотоциклистите најчесто возат без заштита на главата во Тетово и во Гостивар

Без заштитен шлем се возат мопеди и моторцикли низ Тетово и Гостивар, велат од СВР Тетово по најновата акциска контрола на сообраќајот со цел да се утврди дали се почитуваат правилата и прописите при упрвување со вакви возила. Акцијата се спровела во доцните подопладневни и вечерни часови во саботата од 18 часот до полноќ, како период во кој голем е бројот...

Силна експлозија во близина на аеродромот во Болоња

Силна експлозија попладнево одекна во близина на аеродромот во италијанскиот град Болоња. Италијанската полиција информира дека станува збор за „несреќа на автопатот во близина на аеродромот“, без да прецизира за што станува збор. Во тек е акција на порптивпожарните служби за гаснање на пожарот што избувнал по експлозијата. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видео снимки на кои се гледаат како...

Таравари: Алијансата на Албанците ќе го поддржи референдумот

Алијансата за Албанците ќе го поддржи најавениот референдум, но одржувањето на референдумот е луксуз што скапо ќе ја чини државата, рече Арбен Таравари, генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците. Таравари во изјава за МИА го појасни ставот за поддршката нагласувајќи дека неговата партија конечниот став ќе го каже кон крајот на август за кога е закажано Централното собрание...

Вандали во Струмица корнеле цвеќе од жардиниери на плоштадот

На мета на вандали во Струмица биле цветните расади во бетонските жардиниери на плоштадот „Гоце Делчев“, соопштија од прес службата на ЈПКД „Комуналец“. Пред неколку денови на удар на вандалите и несовесните граѓани беше урбана опрема во Градскиот парк, а не се поштедени ниту цвеќињата од јавните површини во градот. ОД ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат цветните...

Осум реномирани екипи на Меѓународниот турнир „Струга 2018“

Во организација на РК Струга на игралиштето на отворено кај женска плажа во Струга, од 15 до 19 август ќе се одржи 46. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“. Осум екипи ќе бидат поделени во две групи. Во првата ќе играат: Цеље (Словенија), Бешикташ (Турција), Тулуз (Франција) и Еурофарм Работник (Македонија). Втората група ќе ја сочинуваат екипите на: Железничар (Србија), Констанца (Романија),...

МТСП нема да толерира несоодветно однесување со децата во градинките

По објавувањето на видео на социјалните мрежи од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок. - Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се...

Кросфитот е хармонија меѓу маратонот и спринтот

Сашо Јосифовски, кросфит-тренер во Абу Даби Со оваа дисциплина имате подобар перформанс во секоја сфера на животот каде што е потребно физичко дејствување, вели Јосифовски Ако имате вистинска пасија за кросфитот, тогаш работата со клиенти не се доживува како работа, туку како задоволство, вели Сашо Јосифовски, кој работи како фитнес-менаџер и персонален кросфит-тренер во „Голдс џим интернешнел“ во Абу Даби. Кросфитот...

Осиромашена македонската интелектуална елита

По смртта на академик Милан Ѓурчинов „Не винесла душа Поета Позора мелочних обид, Востал он против мнениј света Один, как прежде...и убит!“ (М. Лермонтов) Воопшто не е лесно да се зборува или пишува за заминувањето од животот на кој било човек. Но тоа е уште потешко и болно да се прави за човек што со години и децении си го познавал, си општел со него,...