Полски пикник во МСУ
На годинешниот деветти „Македокс“, програмата „Земја во фокус“ е посветена на полската документаристика. Токму затоа, заедно со филмската фондација „Краков“ и Амбасадата на Република Полска, фестивалот организира т.н. Полски пикник на 11 август (сабота) во Музејот на современата уметност - Скопје, на кој ќе може да се погледнат десет кратки документарци, кои од 1961 до 2000 година биле наградени...
Дуото „Сора“ направи магичен спој на традиционални песни и класични композиции
Магичен спој на традиционални песни и дела од класичната музика направи дуото „Сора“ во црквата „Света Софија“, на концертот во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Јапонската саксофонистка Учида Шиори и македонскиот хармоникаш Фати Фехмију, кои веќе три години настапуваат како дуо, а од годинава се и животни сопатници, ги изведоа традиционалните песни „Кавал свири“ и „Ерген дедо“, но на...
Од заразена храна служена на погреб во Перу починаа 10 лица
Најмалку десет луѓе починаа, а десетици се заболени по конзумирање заразена храна на погреб во перуанските Анди.
Според министерката за здравство на Перу, Силвија Пешах најверојатно храната била заразена со пестициди. Од 50 заболени во понеделникот на погреб во село на Амбите десет луѓе починаа, а осумина се во критична состојба.
Во изминатите неколку месеци регистрирани се уште два случаја со...
Младите уметници на „Инкубатор“ на летен камп во Хрватска и во Унгарија
Фросина Шуман и Исидора Краљевска, кои ја посетуваа програмата за млади уметници „Инкубатор“ во областа на танцот, под менторство на кореографката Рисима Рисимкин, ќе бидат дел од летниот камп од 2 до 23 август во Хрватска и во Унгарија. Покрај современ танц, тие ќе имаат можност да изучуваат и класичен кинески танц, а наедно и да настапат на дел...
Во Македонија во услови на современо ропство живеат околу 18 илјади луѓе
Во Македонија во услови на современо ропство живеат околу 18 илјади лица или 8,7 од илјада македонски државјани се робови, покажува Глобалниот Индекс за ропство 2018, изработен од Обединетите нации и Фондацијата Вок фри (Walk Free).
Македонија се наоѓа на трето место на листата земји од Европа и централна Азија според овој показател. Во оваа група пред нас се само...
Милан и Мишко
Ристо Лазаров
Првпат го сретнав како Милан. Милан Ѓурчинов - авторитетен, еминентен проследувач на македонските литературни текови и угледен зналец на светската, особено на руската и француската, литературна мапа. Беше тоа есента 1967 година, кога тој гостуваше на трибината за литература во Работничкиот универзитет во Штип, која ја беше осмислил Михаил Ренџов. Таквите настани обично завршуваат со прашање за...
Хигиеничарите најбарани за вработување
Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.
Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи...
„Радомировиот псалтир“ вечер на „Охридско лето“
Ораториумот „Радомировиот псалтир“ op. 47 од Димитрије Бужаровски вечер ќе биде изведен во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.
Ќе настапат сопранистките Весна Ѓиновска Илкова и Славица Петровска Галиќ, тенорот Благој Нацоски, басот Владимир Саздовски заедно со Оркестар и хор на Македонска опера и балет и Детскиот хор „Пиколо“. Диригент на вечерта е Бисера Чадловска.
„Радомировиот псалтир“ op. 47...
Волшебниот свет на Чингиз Ајтматов (1)
Антиупатства за лична употреба
Кога се сретнав со „Приказните од степите и планините“ на Чингиз Ајтматов, бев дипломиран студент по компаративна литература и веќе маѓепсан со неговата проза. Имено, неколку години пред тоа се занесов во читањето на македонскиот превод на неговата прекрасна тажна бајка „Белиот параход“. Ме трогна мајсторството на писателот во плетењето на приказната за Детето, Рогатата Мајка...
Пентагон ја поздрави репатрирацијата на седумте македонски борци во ИСИС
Пентагон ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани, кои како странски платеници се заробени во Сирија.
МВР вчера соопшти во заедничка акција со Командата на Глобалната антитерористичка коалиција и Сириските Демократски Сили приведе седуммина македонски државјани, кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак.
Портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон, за Си-Ен-Ен изјави дека Сириските...





































