Зголемена фреквенција на возила на граничните премини

На граничните премини од македонска страна има зголемена фреквенција за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Зголемување на интензитетот на сообраќајот, како што се наведува во соопштението, има и на  патните правци надвор од градските средини.

Лавров: Русија категорично ги отфрла новите американски санкции

Москва категорично ги отфрла новите санкции што САД ги воведоа кон Русија, му порача денеска во телефонски разговор рускиот министер Серегеј Лавров на американскиот државен секретар Мајк Помпео. - Од руска страна беше порачано дека катергорично ги отфрла санкциите, што неодамна ги најави Вашингтон врз основа на претпоставената информација за учество на Русија во т.н. случај Скрипал, се наведува во...

Блаже Миневски е автор на наградениот расказ „Потфрлување на топката“

Блаже Миневски, новинар, раскажувач и драматург е автор на расказот  „Потфрлување на топката“  што беше избран за најдобар на конкурсот за наградата „Живко Чинго“ кој традиционално го распишува општина Охрид. Членовите на комисијата што ги оценуваа трудовите образложија дека „Потфрлување на топката“ бил избран за најдобар во конкуренција на 50 други пријавени раскази. Со повеќе пригодни манифестации Охрид и оваа година ќе ја...

Отсекот за управни работи Куманово викендов ќе издава лични документи

Отсекот за управни работи Куманово од СВР Куманово ќе работи утре и во недела (11-ти и 12 август), информираа денеска од кумановската полиција. Во двата дена од викендот Отсекот ќе работи од 8 до 16 часот и ќе издава лични документи - патни исправи, лични карти и возачки дозволи. Од кумановската полиција ги информираат граѓаните кои поднеле барање за лични документи...

Во Мексико запленети приближно два тона кокаин

Мексиканската морнарица соопшти денеска дека запленила речиси два тона кокаин во близина на јужниот брег на Тихиот Океан. Еден од авионите на морнарицата вчера забележал сомнителен брод на 87 наутички милји од брегот на Акапулко. На бродот имало 75 пакети со кокаин, а уапсен е еден маж по потекло од Еквадор.

Македонија ја совлада Белгија на ЕП за кошаркари до 16 години

Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години убедливо ја совлада Белгија со 68:80 на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Сараево. Избраниците на Александар Јованчев го диктираа темпото на игра во речиси целиот натпревар. Единствено мал пад во контролата на играта имаа по паузата, но во финишот на натпреварот македонските кошаркари се фокусираа и остварија убедлива победа...

ДИК: Граѓаните сами да ги проверат податоците за навремено да се исчисти Избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) апелира до граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август. Од таму нагласуваат дека промените во Избирачкиот список може да се направат само со поднесување соодветна документација.  - Единствен начин за да се решат проблемите е постојано ажурирање на Избирачкиот список. ДИК...

Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин

Јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и завршени се сите претходни подготвителни работи, информираат од Министерството за здравство.  Посочуваат дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018, веќе е потрошен во јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки. - Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациените се...

Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август

Русија најави од 15 август да воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, соопшти рускиот регулатор за безбедност на храна, пренесува Ројтерс. Летово од Македонија во Русија беа извезени три милиони килограми  праски, а оттаму поради соменж дека се заразени се вратени 120 илјади килограми.    Регулаторот, како што пренесува Ројтерс,...

Влада: Целосно спроведени три препораки на ГРЕКО за една година

Корупцијата во општеството ја рашири претходната власт. Владата целосно спроведе три препораки од ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции. Ова се наведува во денешното соопштение на Владата во врска со најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во кој беше наведено дека...