Бектеши: Милион туристи ќе ја посетат Македонија до крајот на годината
Последните податоци на Државниот завод за статистика за бројот на зголемување на бројот на туристи покажуваат дека стратегијата за развој на туризмот во Република Македонија дава добри резултати, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи, кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец...
Турската лира зајакна за шест отсто
Турската национална валута се стабилизира по неколкудневниот пад на курсот, кога достигна рекорни мининални вредности, по што денеска забележа раст од шест проценти.
Денеска еден американски долар според официјалниот курс се менува за 6,55 турски лири.
Вчера во еден момент доларот достигна рекордна вредност од 7,24 лири, но турската национална валута потоа зајакна по објавувањето на мерките на Централната банка на...
Скопскиот концерт на „Ту челос“ одложен за 19 октомври
Скопскиот концерт на една од светски музички атракции, „Ту челос“, наместо на 6-ти, ќе се одржи на 19-ти октомври, на истата локација, СРЦ „Борис Трајковски“, инофрмираат од „Авалон“ продукција.
- Причината за промената на датумот е од логистички тип, а поради концертот на „Тексас“ на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, ние со задоволство ја прифативме оваа понуда...
Единицата за борба против тероризмот го истражува инцидентот во Лондон
Единицата за борба против тероризмот на британската полиција ја води истрагата за денешниот инцидент во Лондон, кога маж со автомобил удри во безбедносната ограда поставена пред зградата на Парламентот, објави Метрополитен полицијата на Твитер.
Во инцидентот повредени се двајца пешаци, кои се префрлени во болница. Според првичните информации тие не се сериозно повредени.
Претходно во соопштението на Скотланд јард беше наведено...
Првиот ден на Курбан Бајрам неработен за муслиманите
Првиот ден на Курбан Бајрам, 21 август (вторник), е неработен за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија согласно Законот за празниците на РМ, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.
УХМР: Попладнево, утре и задутре нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува УХМР за денеска попладне. Повеќе услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата доцна попладне и во ноќните часови. Локално е можна појава и на краткотрајно невреме со силен ветер.
Утре и во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а...
За да ја стигнеме Европа, ни треба пораст од 6 отсто
Македонската економија се очекува да порасне за 2,7 отсто следната година, во споредба со 3,9 отсто пораст на БДП што беше прогнозиран во јануари. Светска банка во својот извештај објави дека ја намалува и проекцијата за економски пораст
за Македонија во 2020 година на само 3 отсто, а претходно прогнозира пораст од 4 отсто
Иако Македонија ја надмина кризата во економијата,...
Бродот „Аквариус“ повторно бара пристаниште за мигрантите
Според Амнести интернешнел, само во јуни и јули околу 720 лица ги загубија животите во Медитеранот. Во последните четири година, оваа бројка изнесува 15.000, вклучувајќи деца и бремени жени
Бродот „Аквариус“, кој во петокот спаси мигранти во Медитеранот, повторно бара сигурно пристаниште во Европа, каде што ќе може да ги однесе 141-то лице што ги превезува. Хуманитарниот брод „Аквариус“, кој...
Свештеникот во средиштето на кризата – маченик за Американците, шпион за Турците
Американскиот свештеник Ендру Брансон (50) беше посветен на неговата богослужба во турскиот град Измир цели 23 години, ги учеше своите деца да нуркаат и организираше излети, гордеејќи се со посветеноста на религијата, за сега да се најде во средиштето на меѓународната дипломатска и економска криза помеѓу Турција и САД, пренесува британски „Гардијан“.
Кризата доведе до падот на вредноста на турската...
Шилегов: Средството со кое се прскаше не е штетно за здравјето на луѓето
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска соопшти дека средството кое се користи при прскањето на комарците во главниот град не влијае на здравјето на луѓето. Во Скопје се прскаше со средство од германската фирма „Бауер“ и во изминатиот период беше направена негова анализа.
- Препаратот кој го користевме годинава не влијае врз општото здравје на луѓето и малку или минимално влијае...






































