Истрага за коментари на Интернет
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ги презема „неопходните мерки“ во врска со објавите на социјалните мрежи за состојбата во економијата и курсот на турската лира, кои би можеле да имаат негативно влијание врз „економската безбедност на Турција“.
Во соопштението на Министерството се посочува дека од 7 август се утврдени 346 профили на социјалните мрежи на кои на провокативен...
Неколку десетици загинати при уривање на вијадукт во Италија (Видео)
Неколку десетици луѓе загинаа денеска при уривање на вијадукт над Џенова, јавуваат италијанските медиуми.
Претставник на локалната итна служба рече дека има „десетици мртви“.
И пожарникарите потврдија дека има жртви по уривањето на вијадуктот Моранди околу 11:30 часот по локално време по поројните дождови.
Италијанската телевизија прикажа фотографии на урнатиот мост висок околу стотина метри кој беше изграден во 60-сеттите години на...
МВР: Началникот на Алфите возилото го користел за службени цели
Министерството за внатрешни работи е информирано за движењето на началникот на Единицата за прв одговор и интервенција - АЛФА, Примислав Димовски и за начинот на кој тој го користел службеното возило. Првиот човек на Алфите возилото го користел исклучиво за службени цели, а тој согласно правилникот има право истото да го користи 24 часа.
Ова се наведува во денешното соопштение...
Антивладини протести во Романија
Околу 15.000 луѓе, трет ден едноподруго, протестираат во Букурешт и во другите романски градови против корупцијата и социјалдемократската влада, барајќи оставка од премиерката Вјорика Данчило. Протестите синоќа беа мирни, за разлика од првиот ден кога полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Букурешт, при што беа повредени 445 луѓе, од кои триесетина полицајци.
Демонстрантите пред зградата на романската...
Од 11 август намалени казните и глобите на царинските прекршоци
Намалување на глобите за царинските прекршоци и воведување мандатен платен налог се дел од измените на Царинскиот закон што стапија на сила од 11-ти овој месец, а со кои, според директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски, се излегува во пресрет на барањата на бизнис заедницата.
- Мандатните казни во голем дел се сведоа на намалување, односно од 250 евра се...
Турција ќе бојкотира американски производи
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон.
- САД економски не напаѓаат не само нас, туку и Кина, Русија, Иран и Европа. Ја нападнаа дури и Канада. Но, против нас е преземена операција. Ќе ја бојкотираме американската електроника. Тие го имаат...
Царината ќе може да блокира трансакциски сметки на граѓани за царински долг
Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг.
Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски појасни дека досега постапката се вршела преку УЈП, бидејќи немало законски основ да побараат блокирање на сметката директно во банка.
- Со измените што се бараат...
И дете може да ги фалсификува американските избори за неколку минути?
Единаесетгодишник хакирал реплика од интернет-страницата за гласање на Флорида и ги сменил резултатите за десет минути, додека негова врсничка успеала да го направи истото за околу 15 минути, пренесува Еј-би-си њуз.
- Овие интернет-страници се толку лесни за хакирање што не можеме да им ја дадеме задачата на возрасни хакери - кажа Џејк Браун, поранешен посредник на Белата куќа со...
Буден театар почнува кампања „Мижи! Замисли промена“ за еколошко освестување
Буден Театар ја почнува кампањата „Мижи! Замисли промена“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.
Кампањата е отворена за сите жители на Скопје и околината.
Најдобрите десет фотографии со испишаните детски замисли за промена ќе бидат изложени на...
Субвенции за откупувачите на сливи
Министерството за земјоделство воведува нова субвенција за откупот на сливи. Откупувачите регистрирани за преработка на земјоделски производи и правните лица регистрирани за вршење трговија со земјоделски производи што извршиле откуп на сливи од реколтата 2018-та од домашно производство ќе добијат субвенција од два денара по килограм.
Новата мерка се воведува за да се реши проблемот со откупот на сливи, а...





































