Македонските питулици ги одушевија фолкористите од Европа
Покрај одличните настапи фолклористите од КУД „Рацин“ Кичево, на фестивалот во Црна Гора ќе останат запаметени и по македонскиот специјалитет, питулиците, што беа изложени на специјалните штандови поставени за оваа намена, подготвени од страна на кичевските домаќинки, кои ги одушевија фолклористите од сите земји учеснички на фестивалот. На разделбата, сите побараа рецепт како се подготвуваат овие питулици кои станаа...
Се бришат починати лица од избирачкиот список
Педесет и девет лица од општините Кисела Вода, Студеничани, Сопиште и Зелениково ќе бидат избришани од избирачкиот список. Според информациите од подрачната канцеларија на Државната изборна комисија (ДИК) во Кисела Вода, станува збор за починати лица за кои не биле навреме доставени изводи од умрените.
Според прегледот од јавниот увид на избирачкиот список на ДИК од 9 до 12 август,...
Шеќеринска: Македонија има што да им понуди на сојузниците во НАТО
Воениот полигон Криволак е типичен пример за тоа дека РМ не очекува само да стане земја членка на НАТО, да ги користи придобивките на членството, туку дека како држава има што да понуди на сојузниците, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на денот на високите гости на Криволак за време на посетата на обуката на американските копнени сили...
Прасковиот црв го изеде извозот во Русија
Од еден вратен камион извозниците губат 4.000-5.000 евра, што е огромна штета. Ако ситуацијата не се реши, тие велат дека не знаат дали ќе бидат во можност да ги исплатат производителите. Праските веќе ги даваат за 10 до 15 денари по килограм, а ги купуваат за 18 денари
Извозниците на праски од Росоман се во неизвесност дали ќе им бидат...
Старогрчкото писмо неприменливо за Македонците
Она што го знам е дека ова не се научници, туку трговски инсталации во научните институции, кои во спрега со инсталациите во политиката имаат задача да нѐ остават во мрак и темнина, а брилијантната македонска цивилизација да ја пикнат во ,,грчката вреќа“. Реагирање на објавени текстови од д-р Блаже Ристовски и д-р Наде Проевска
Погледи низ историјата
Полемика за античкото потекло...
Опасната игра „Момо“ се шири на социјалните мрежи
По „Синиот кит", опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра - „Момо“, која се распространува преку апликацијата Ватсап.
Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица.
Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која...
Ердоган најави бојкот на „ајфон“ и на други американски уреди
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека Турција ќе ги бојкотира електронските уреди произведени во САД, како реакција на влошените односи меѓу Анкара и Вашингтон.
- САД економски нѐ напаѓаат не само нас туку и Кина, Русија, Иран и Европа. Ја нападнаа дури и Канада. Но против нас е преземена операција. Ќе ја бојкотираме американската електроника. Тие го имаат „ајфон“,...
Заврши конзервацијата и реставрацијата на живописот во црквата Свети Никола во Куманово
Заврши конзервацијата и реставрацијата на живописот во црквата Свети Никола во Куманово. Методологијата на конзервација и реставрација во Соборниот храм во централното градско подрачје, траеше четири години, по неколку децении, откако живописот бил насликан во шеесетите години од минатиот век.
- Според утврдените хемиски анализи, живописот е насликан во секо техника. Употребени се бои од т.н. синтетички бои или добро познати бои-акрилни бои....
Најмалку 20 загинати при уривање надвозник кај Џенова
Најмалку 20 лица загинаа, а уште десетина се наоѓаат под остатоците од надвозникот во близината на Џенова, кој вчера се урна од засега непознати причини. Во несреќата се урнале околу 200 метри од надвозникот, при што паднале најмалку десет автомобили. Италијанската новинска агенција АНСА јави дека властите се сомневаат дека причина за несреќата е недоволната стабилност на конструкцијата на...
Македонецот годишно јаде под килограм сладолед, во ЕУ шест
Еден македонски граѓанин годишно консумира околу 0,85 килограми сладолед. Статистиката покажува дека во минатата година едно домаќинство во Македонија просечно купувало и трошело по 3,4 килограми сладолед.
Податоците на Еуростат, пак, покажуваат дека жителите во ЕУ консумираат шест литри годишно.
Во Македонија годишното прозводстви на сладолед изнесува 23.088 хектолитри.
Најголем производител во Европа е Германија со годишно производство од 517 милиони литри. На...







































