Почна набавката на инсулин за 2018-2020

Министерството за здравство соопшти дека денеска е почната постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 - септември 2020 година. Оттаму истакнуваат дека постапката и процедурите се соодветно испланирани, согласно бројот и потребите на пациентите и граѓаните и оти пред да биде распишана јавната...

Струшките вечери на поезијата со исти програми и една третина помал буџет

Со буџет помал за триесет отсто од минатите изданија, фестивалот Струшки вечери на поезијата годинава одвај ќе го одржува нивото што веќе го има постигнато, а помалку добиените средства веројатно ќе се одразат на помала издавачка продукција или во прашање ќе биде организирањето на зимскиот поетски фестивал планиран за ноември.  Претседателката на Управниот одбор Елизабета Шелева денеска на прес-конференција рече...

Во Турција приведено момче осомничено за палење на автомобили во Шведска

Турската гранична полиција привела 19-годишен шведски државјанин по кога е издадена потерница поради сомневање дека учествувал во опажарување на возила во Шведска, објави шведскиот весник „Гетеборгс постен“. Шведската полиција утврдила дека еден од осомничените заминал за Турција и ги предупреди турските власти. Се предвидува приведениот денеска да биде екстрадиран во Шведска. Најмалку сто автомобили беа опожарени во ноќта помеѓу понеделникот и...

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

За 4,4 отсто се намалени откупот и продажбата на земјоделските производи во второто тримесечје од годинава за разлика од истиот период лани. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14 проценти, а кај продажбата од сопствено производство намалување за 16,5 отсто. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано...

Кампањата за референдумот ќе се финансира од заштедите на буџетски средства

Владата на наредната седница ќе донесе конкретен план и програма за одвивање на целата кампања за референдумот, вклучително и за средствата што ќе се потрошат за таа намена, изјави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа. Владата во текот на целата кампања ќе биде транспаретна, посочи Хоџа, додавајќи оти Владата ги задолжила сите министерства и другите органи на државната управа, во рок...

Царината ќе ги блокира граѓаните за царински долг

Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице што има царински долг. Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, појасни дека досега постапката се вршела преку УЈП, бидејќи немало законска основа да побараат блокирање на сметката директно во банка. - Со измените во Законот за...

Објавен идентитетот на осомничениот напаѓач од Лондон

Приведениот маж кој е осомниен дека со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот Парламент во Лондон, е 29-годишниот Салих Хатер, соопшти денеска неименуван извор од британските безбедносни служби. Полицијата го проведе Хатер откако вчера со автомобил прегази 15 велосипедисти и пешаци пред Парламентот во Вестминстер, по што со возилото удри во заштитната ограда околу парламентарната зграда. -...

Голем пожар во Форино Гостиварско, изгореа покриви на три куќи

Во пожар кој настанал вчераутро во гостиварското село Форино целосно изгорела плевна и покривите на три околни објекти. Во пожарот нема повредени лица. Според СВР Тетово, вчера околу 6.30 часот настанал пожар во плевна, сопственост на лицето М.А. од село Форино. Огнот, според сопственикот, избувнал на првиот спрат од плевната при што изгорела целосно дрвената кровна конструкција, еден кафез во...

Општина Аеродром апелира родителите да ги пријават првачињата за парична помош

Ги повикуваме родителите што поскоро да се пријават за еднократна парична помош во висина од  од 3.500 денари што ја доделува Општина Аеродром на првоодделенчињата запишани во основните училишта на нејзината територија, апелираат од Општината.  Тие истакнуваат дека, повикот е упатен со цел првачињата до почетокот на новата учебна година навреме да ја добијат паричната помош од 3.500 денари. - Целта на...

Намален бројот на издадени одобренија за градба во јуни

Намален е бројот на издадени одобренија за градење во јуни во однос на истиот месец лани. Државниот завод за статистика денеска објави дека во јуни се издадени 205 одобренија за градење што е за 10,9 проценти помалку во однос на минатата година. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.945.737 илјади денари што е за 22,6 проценти помалку во однос на истиот...