Се разгорува трговската војна меѓу САД и Кина
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе денеска нови царини за кинески производи. Царините се од 25 отсто и се за увозни стоки вредни 16 милијарди долари.
На 6 јули САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 милијарди долари.
Таа ескалација на трговска војна меѓу двете држави може да биде проследена со нов бран во септември кога...
Увидот во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците завршува на полноќ
До Државната изборна комисија преку веб апликацијата https://dijaspora.sec.mk/ досега се доставени 2.437 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.
Од нив, 2.392 пријави се прифатени, 39 се одбиени, а останатите пријави се во обработка.
Најголем број пријави се за гласање во Берн - 256, Љубљана - 213, во Лондон - 127, во Торонто - 136,...
Човек за сите дипломатски сезони
Патувањето на Анан заврши. Но наследството на овој лидер на лидерите ќе живее преку влијанието што неговото дело и натаму го има врз животите на луѓето на секој континент
Кофи Анан ќе биде оплакуван на секој континент. Под негово раководство на Обединетите нации првпат беа договорени меѓународните цели за развој. Но во мандатот на Анан првпат се случија уште многу...
Жичницата на Водно ќе работи за празникот Голема Богородица
Жичницата на Водно на иницијатива на граѓани на 28 месецов (вторник) кога е неработен ден поради верскиот празник „Голема Богородица“ ќе работи со вообичаено работно време иако е последен вторник во месецот кога се врши редовен сервис на објектот.
Редовниот сервис ќе се изврши на 29 август (среда) и тогаш Жичницата нема да работи.
- ЈСП Скопје одлучи позитивно да...
Постигнувањата на Кофи Анан
Кофи Анан заслужува да биде запаметен како речиси примерен генерален секретар на ООН. На големите главни раководители им е потребна водечка визија за да го наметнат авторитетот, а уште повеќе кога тој авторитет е меѓународен граѓански авторитет. Успехот на Анан се базира на неговата способност да ги комбинира прагматизмот и смиреноста со една трајна визија за човечкиот напредок и...
„Ер Албанија“ од почетокот на септември почнува со летови
Албанскиот национален авиопревозник „Ер Албанија“ првиот лет ќе го има во првата недела од септември.
Тоа го соопшти албанскиот премиер Еди Рама, кој постираше и фотографии и видео запис околу последните подготовки пред почетокот со работа на компанијата.
Првото пробно полетување ќе биде на 31 август.
Станува збор за авион „Аирбус 319“ кој ќе лета на релација Тирана-Истанбул и обратно. Потоа...
Корените, љубовта и припадноста нѐ влечат кон Македонија
Ники е позната и признаена активистка и силен борец за афирмација на македонското име, јазик, посебност и цивилизациски вредности на нашиот етникум во мултиетничката мапа на државата Викторија
Во селото Бучим, под крушевските висови, и овие летни месеци убаво ги поминуваат нашите сонародници Ники и нејзиниот сопруг Борис Мишевски од Мелбурн, Австралија.
Тие често доаѓаат во својата прва татковина. Неизмерно им...
Граѓаните се жалат на манипулации со сезонските попусти
Во екот на летната распродажба граѓаните укажуваат на лажни попусти бидејќи, како што велат, на рекламите и на излозите се наведуваат големи попусти, а во продавниците има стока што воопшто не е на попуст или е на многу мало намалување
Деновиве во екот се распродажба или најголеми попусти на производи од летните колекции. Но граѓаните што сакале да си купат...
Крадец украл опрема од црква, па оставил порака со извинување
Маж кој провалил во црква во едно гратче во американската сојузна држава Конектикат и украл електронска опрема вредна 4.000 долари, оставил порака со извинување, пренесуваат американските медиуми.
Полицијата поседува видео снимка на мажот кој во неделата, нешто по полноќ, упаднал во африканската методистичка епископална ционистичка црква Маслинова гора во Ватербери и од неа однел камери, монитори и микрофони, кои верниците...
Македонските кошаркари до 14 години почнуваат со настапите на „Словенија Бол“
Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи дои 14 години денеска ќе ги одигра првите натпревари на меѓународниот турнир во Словењ Градец, Словенија.
Македонија е сместена во групата „А“ заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Русија и домаќинот Словенија.
Во Б-групата ќе играат: Бугарија, Израел, Италија, Црна Гора и на Украина во групата „Б“.
Денес Македонија ќе игра со Словенија и Хрватска, а...






































