Бугарски тинејџери обвинети за групно силување на девојче во Германија

Во германски суд денеска почнува предметот против осуммина тинејџери, обвинети за групно силување на 13-годишно девојче во југозападниот град Фелберт. Момчињата, на возраст од 14 до 17 години се обвинети дека го пресретнале девојчето, кое се враќало од базен, ја одвеле во шума и ја силувале додека не ги прекинала жена, која случајно минувала. Момчињата се од бугарско потекло, но само...

Кирк Даглас фотографиран со правнукaта

Холивудската ѕвезда Камерон Даглас го сликаше својот 101-годишен дедо, легендарниот актер Кирк Даглас, со најмладиот член од семејството Даглас - осуммесечната правнука Луа Изи и фотографијата ја објави на Инстаграм. Тие двајцата гледаат еден кон друг. Кирк седи во фотелја, а девојчето седи на подот и посегнува по својот прадедо. Таа всушност е и крстена по него, оти тој се...

„Монструм“ : Заврши испитувањето на загрозениот сведок

Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковско Езеро од 12 април 2012 година продолжи денеска со сослушување на загрозениот сведок, во рамки на доказната постапка. Фејзи Азири, еден од обвинетите, му постави неколку прашања на загрозениот сведок кои се однесуваа на времето во кое, како што тврди сведокот, го забележал Назири на местото...

Преку забавни задачи и проекти до тајните на информатичките технологии

За тоа како децата, преку забавни задачи и проекти, полека ќе ги откриваат и совладуваат тајните и убавините на ин­форматичките технологии, разговаравме со Марија Ферро, координаторка на академијата „Ај-Тинк“ (IThink Academy). Што претставува академијата „Ај-Тинк“? - Академијата е наменета за деца од 8 до 14 години. Преку оваа програма на децата ќе им се претстават најпопуларните области од информациските технологии....

Објавен романот „Шумата на обесените“ од романскиот писател Ливиу Ребреану

Романот „Шумата на обесените“ од романскиот писател Ливиу Ребреану, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова, го објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“. Станува збор за класичен психолошки роман за Првата светска војна, во кој авторот го изнесува својот гнев од личните искуства со австроунгарската војска и судбината на неговиот брат Емил Ребреану, офицер во австроунгарската војска, кој...

Општината Аеродром ќе им плаќа обезбедување на училиштата и на градинките

Општината Аеродром во оваа учебна година ќе ги надомести трошоците за обезбедувањето на училиштата и на градинките, трошок што претходно го имаа родителите. Општината во својот буџет за оваа намена предвиде пет милиони денари.  Како што велат од општината, одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и на градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите...

Детската клиника доби дневен центар за болни од рак

Дневен центар за психосоцијална поддршка на децата заболени од малигни болести е отворен на Универзитетската клиника за детски болести по иницијатива од здружението „Борка - за секој нов ден“. Центарот е наречен „Собата на Жозеф“, а целта на неговото постоење е децата полесно да минат низ процесот на лекување на ракот, како и да се надмине стигмата дека ракот...

Хан најави уште подолготрајни преговори со ЕУ

И додека Брисел сѐ уште ја одмерува својата стратегија за земјите од регионот, а секоја држава посебно веќе ги крои своите позиции, планови и рокови, „подгревајќи“ ги своите амбиции на патот кон полноправното членство во Унијата, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан деновиве ги „олади“ тие очекувања на земјите-аспиранти, вклучувајќи ја и нашата, велејќи дека пристапните преговори за Балканот во...

Летачко такси набргу во светските метрополи

Компанијата „Убер“ пред извесно време најави дека ја избра Индија како една од првите пет дестинации во која би можело да се имплементира нивниот најнов меѓународен проект наречен „Убер еир сити“ во следните пет години. За потсетување, „Убер“ е една од најголемите компании за такси-транспорт, пренесување храна, која изминатите години доживеа вистински подем во Соединетите Американски Држави и во...

По Вардар од Велес заплови 20. Вардарска регата „Гемиџии 2018“

Под Мало мовче утрово по Вардар од Велес заплови 20. Вардарска регата „Гемиџии 2018“ што ја организира Општина Велес. Во својство на организатор денеска во чест на славните гемиџии по традиција венецот го фрли да плови по Вардар градоначалникот Аце Коцевски. Претходно, делегации на општината, на АРМ, на Сојузот на пензионери и учесниците положија букети цвеќе на споменикот на гемиџиите кај...