Јавниот превоз во Скопје од утре по зимски возен ред
Возилата од јавниот превоз од утре ќе сообраќаат по зимсми возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патници, соопшти ЈСП Скопје.
Возниот ред на автобусите на ЈСП, како и на приватните превозници, може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.
Обезбедени средства за проширување на патот Крива Паланка – Деве Баир
Владата, во соработка со јавното претпријатие за државни патишта, ќе го реализира проектот за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка - Деве Баир.
- Со оваа инвестиција се планира рехабилитација и проширување на патната делница со две коловозни ленти во колосек со три ленти, рехабилитација на еден коловоз со две ленти и рехабилитација на еден коловоз со три...
СЈО бара повторно да се спои постапката за Јанкулоска во „Таргет Тврдина“
Со задоцнување од 40-ина минути поради недоразбирање во врска со одлагањето на терминот заради претходното судење за „Монструм“ почна денешното рочиште за предметот „Таргет Тврдина“ на СЈО. На судењето се присутни сите обвинети и нивните бранители.
Обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО побара да се отповика претходното решение за раздвојување на постапката за Гордана Јанкулоска и повторно да се спои постапката,...
Британија против промена на границите на Балканот
Британија соопшти дека е против промената на границите на Балканот и дека Србија и Косово треба да го решат проблемот со взаемно признавање.
Портпарол на британското Министерство за надворешни работи вчера изјави дека „нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е клучна за безбедноста, стабилноста и напредокот на оваа земја и на поширокиот регион, пренесе Политико.
- Владата верува...
Дачиќ: Рано е да се зборува дали и кога ќе постигнеме компромис со Косово
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во Виена денеска изјави дека е премногу рано да се каже дали воопшто ќе се постигне компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.
Пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Виена, каде што се присутни претставници на земјите кандидати, Дачиќ рече дека Србија е посветена на тоа...
Заев: Потребно е единство, опозицијата да се вклучи во обезбедувањето иднина на Македонија
Македонскиот премиер Зоран Заев и денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава.
Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно...
Министерството за економија предлага зголемување на тарифите за концесионерите на рудниците
Министерството за економија предлага да се зголемат тарифите што треба да ги плаќаат концесионерите на рудниците за искористување на просторот и експлоатација на рудата.
Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, концесионерите за ваквиот предлог се информирани, но допрва ќе се утврдува колкаво ќе биде зголемувањето.
- Како министер сум за да ги зголемиме овие тарифи. Убеден сум дека...
За првпат ќе се порибува Осломејското Езеро
Вештачкото езеро што пред десетина години се формира во една од депресиите на поранешниот рудник за јаглен Осломеј, со површина од над 30.000 метри квадратни и со максимална длабочина до 15 метри, за првпат ќе се порибува со крап во текот на наредните петнаесетина дена.
За порибување на Осломејското Езеро иницијатива беше покрената од група ентузијасти и спортски риболовци од...
Илјадници пчели нападнаа штанд во центарот на Њујорк
Њујоршката полиција морала да блокира дел од 43. улица и Бродвеј по дојавата дека чадорот над еден штанд за продажба на хот-дог бил преплавен од голем број пчели.
Се верува дека околу 40.000 пчели долетале на штандот од кошниците поставени на покривот на една зграда во менхетен поради големата жештина, пишува Индепендент.
Контроверзии околу рудникот „Иловица – Штука“ сеат страв и кај земјоделците
Еко-активистите велат дека доколку се дозволи да се отвори рудникот „Иловица - Штука“ тогаш ќе дојде до комплетно уништување на земјоделството и на егзистенцијата на над 80.000 земјоделци во Струмичко, додека од Владата убедуваат дека заради намалување на ризиците и загриженоста на локалното население во регионот нема да се користат цијанид и сулфурна киселина туку „помалку штетни хемикалии“, а...







































