Евангелие по лидерот
Логично е од ваков празник да испратиш порака во духот на христијанството, а злоупотреба за лични цели е кога од дворот на црквата, небаре на партиски митинг, делиш политички пораки и навреди кон политичките противници. Во црква се оди со искрен пристап кон бога, а не со лицемерен обид да освоиш некој глас повеќе палејќи свеќа или крстејќи се...
Претпладне сончево, попладне можен дожд и грмежи
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Во попладневните часови во северните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 35 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала доумерена облачност, попладне...
Отворено писмо
Како научници и автори сакаме да се осврнеме на прашањето на извртувањето на суштината на Преспанскиот „договор“ во некои кругови, како и портретирањето на сите негови опоненти како националисти и екстремисти.
Договорот не им служи на интересите ниту на Македонија, ниту на Грција. Тој не е заснован на респект за меѓународното право, човековите права и демократските принципи.
Договор кој што се...
Министерството за здравство преку специјален фонд ќе набавува лекови за лицата со ретки заболувања
Министерството за здравство заедно со Стопанската комора работи на основање специјален фонд за набавка на лекарства за потребните на лица заболени со ретки болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој во Охрид присуствуваше на првата балканска средба на лица и семејства заболени со редок Алпортов синдром.
Филипче истакна дека Министерството пред една години иницирало активности за посветување поголемо...
Дмитриј Трапезников избран за привремен лидер на таканаречената Доњецка народна република
Досегашниот „вицепремиер“ на таканаречената Доњецка народна република во источна Украина Дмитриј Трапезников е избран за привремен лидер на самопрогласената република.
Веста беше соопштена на брифинг во Доњецк по вонредното заседание на „владата“ на ДНР, свикана по убиството на досегашниот лидер Александар Захарченко.
Уставот на ДНР предвидува „вицепремиерот“ на самопрогласената република да биде нејзин привремен премиер, во случај на предвремен прекин на...
Заврши јавната седница на Апелација за „Тенк“, продолжение на 5 септември
По 10 часа вечерва заврши јавната седница на Апелација за жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“.
Откако судијата известител ја прочита првостепената пресуда, претседателката на судечкиот совет Цветанка Пешиќ ја прекина седницата и продолжението го закажа за 5 септември.
На тоа рочиште Груевски и Поповски пред судечкиот совет ќе треба да ја образложат поднесената жалба.
Во...
Велика Британија и ЕУ се надеваат дека ќе постигнат договор за Брегзит до средината на октомври
Велика Британија и ЕУ уште се надеваат дека до средината на октомври ќе постигнат договор за непречена транзиција по Брегзит во март идната година. Тоа го изјави денеска британскиот главен преговарач Доминик Раб.
Тој тоа го кажа во Брисел, каде се сретна со неговиот колега од ЕУ Мишел Барние. И двајцата соопштија за постигнат напредок за некои од темите, вклучително...
Жена пронајдена мртва во охридското село Велгошти
Средовечна жена попладнево околу 17 часот е пронајдена мртва во нејзината семејна куќа во охридското село Велгошти.
Портпаролот на СВР Охрид Стефна Димоски ја потврди информацијата за случајот, со кусо појаснување дека полициски екипи во присуство на јавен обвинител вршат увид на лице место, без притоа да се даде поединости околу идентитетот на лицето ниту за причините за настапувањето на...
Нема враќање назад за одлуката по барање на Украинската црква за отцепување од руската
Висок претставник на Православната црква изјави денеска дека „нема враќање назад“ со одлуката за давање автокефалност за Украинската православна црква и целосно отцепување од Руската православна црква.
Митрополитот Емануел од Франција кој е член на Комисијата за украинското прашање, изјави дека претстои само конечниот чекор од процедурата. Изјавата ја даде за време на средбата во Истанбул меѓу Вселенскиот патријарх Вартоломеј...
Ердоган: На Турција и се потребни руски системи С-400
Турскиот претеседател Реџеп Таип Ердоган нагласи денеска дека на државата и се потребни ракетни системи земја-воздух С-400 од руско производство и дека ќе ги набави што е можно поскоро.
САД изразија загриженост поради тоа што Турција, сојузник во НАТО, планира разместување на С-400 што може да загрози безбедност на дел од американското оружје и други технологии што ги користи Турција,...






































