Саудискиот принц потрошил над една милијарда долари за само три работи

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес одговори на повеќе прашања за улогата на исламот, женските права, затворањето на саудиските принцови, но и за своето богатство. Тој истакна дека е свесен оти во Саудиска Арабија е доминантно ултраконзервативното презентирање на исламот, поради што на жените им се одземени човековите права. - Бевме жртви, посебно мојата генерација...

Вучиќ и Тачи во Брисел ќе разговараат за односите во целост и нивна нормализација

Српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи утре би требало да се сретнат во Брисел за да ја разгледаат вкупната состојба во односите меѓу Белград и Приштина, примената на постоечките договори и за да разменат ставови за новата фаза од дијалогот за сеопфатната нормализација на односите. Состанокот во Брисел го организира високата претставничка за надворешна политика и безбедност...

Туск: Личните податоци „мора да бидат целосно заштитени“

Личните податоци на граѓаните на ЕУ „треба да бидат целосно заштитени“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тој ова го изјави по средбата во Брисел на шефовите на држави и влади на земјите членки на Унијата на која се дискутираше за скандалот со британската компанија „Кембриџ Аналитика“ околу неовластено користење на личните податоци на милиони корисници на...

„Газпром“ истражува кој е Михаил Путин

Роднина на рускиот претседател Владимир Путин е именуван за висока позиција во државниот гигант „Газпром“. Во краток финансиски извештај „Газпром“ нагласи дека овој најголем производител на гас „ќе го разгледа случајот М.Е.Путин“ без да соопшти повеќе детали. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков потврди дека станува збор за роднина на Путин, но подалечен. - Колку што јас знам, станува збор за подалечен...

Трамп: Подготвен сум да сведочам во истрагата за руското мешање

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одново ја потврди својата подготвеност да сведочи пред специјалниот обвинител Роберт Малер, во врска со истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. - Да, би сакал да сведочам, изјави Трамп одговарајќи на новинарско прашање околку неговата подготвеност да се појави како сведок пред Малер. Ваквата најава на Трамп...

Главниот адвокат на Трамп поднесе оставка

Главниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп во истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, Џон Дауд, поднесе оставка, објави „Њујорк Тајмс“. Весникот, повикувајќи се на извори од тимот на Дауд, наведува дека тој решил да се повлече откако заклучил дека Трамп „се повеќе ги занемарува неговите совети“. Дауд раководеше со адвокатскиот тим од минатото...

Годишнини од терористичките напади во Брисел и Лондон

Главните градови на Белгија и Велика Британија, Брисел и Лондон, денеска ги одбележуваат годишнините на терористичките напади, во кои загинаа вкупно 37 лица. Во пресрет на почетокот на дводневниот Самит на ЕУ, денеска во Брисел беше одбележана втората годишнина од трористичките напади на белгискиот аеродорм и метро станицата, при што беа убиени 32 лица, а над 300 беа повредени. Белгискиот премиер...

Промената на времето влијае на здравјето на хронично болните

Промени на крвниот притисок, главоболки, вртоглавици, лоша циркулација на крвни садови, деновиве имаат хронично болните и другите пациенти поради наглите температурни разлики. - При вакви промени во пролет или во есен, кога има големи температурни разлики, кај возрасните и оние кои имаат хронични заболувања доколку е нарушена циркулацијата тогаш и пациентите имаат зуење во ушите, најчесто со вртоглавици,...

Лажните вести од Македонија стигнаа и до Закерберг

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг, изјави за Си-Ен-Ен дека во 2017 година откриле голем број лажни профили од Македонија од каде се шират лажни вести, и оти е подготвен да сведочи пред американскиот Конгрес поради злоупотребата на лични податоци на милиони корисници на таа социјална мрежа. - Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме...

(Обновено): Повредените војници се со рани и скршеници на нозете

Двајца припадници на АРМ од тетовската касарна се ранети при чистење на оружје рано претпладнево,а поради сериозноста на повредите по првичната интервенција во Тетово се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Од канцеларијата за односи со јавноста при Генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ) соопштија дека станува збор за двајцата професионални војници на АРМ. Инцидентот се случил околу...