Бројни јавни личности ја проследија премиерата на „Бикини Мун“

Бројни актуелни и поранешни функционери, луѓе од бизнис сферата, ценети професори, актери, режисери, продуценти, музичари и новинари, присуствуваа на новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, која се одржа синоќа во скопското кино „Милениум“. Пред самата премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“. На премиерата присуствуваше и дел од филмската екипа на Бикини...

Во Кривичен суд рочишта за „Тортура“ и „Триста“

Нови рочиште во Кривичниот суд денеска треба да се одржат за предметите на СЈО „Тортура“ и „Триста“ . „Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на...

Филмови по избор на Васко Атанасоски во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани два филма по избор на андерграунд изведувачот Васко Атанасоски, кој за март е „уредник со причина“ - филмска програма што Кинотеката ја воведе минатиот месец. По негов избор денеска и утре од 20 часот ќе биде прикажан „Избавување“ (Deliverence) - американски филм од 1972 година во режија на Џон Борман, снимен по сценарио...

Косијас во Скопје на разговори за името

Позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името ќе бидат тема на средбите, кои шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска ќе ги има со македонскиот државен врв. Коѕијас најпрво ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тие ќе имаат тет а тет средба, а потоа следуваат пленарни...

Каталонските пратеници не избраа претседател на владата

Каталонскиот заговорник за независност Жорди Турул не беше избран за претседател на владата на Каталонија откако „тоа го одбија пратениците од антикапиталистичката партија ЦУП“. Втор круг на гласање ќе има в сабота, но ако и тогаш не биде избран Турул , ќе продолжи политичката неизвесност во шпанската покраина. Турул доби поддршка од 64 пратеници, додека 65 беа против, а четворица...

Девет сообраќајки во Скопје, повредени осум лица

Санкционирани се 10 возачи за пречекорување на дозволената брзина, исклучени се од сообраќај осум возачи, осум пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и еден возач почетник. Исклучени се од сообраќај и 12 возачи, пет технички неисправни и седум нерегистрирани. Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање за 74 возила, а пајакот подигнал 73. Изречени се...

Најмногу снег и најстудено во Маврово

Најмногу снег и најстудено изутринава е во Маврово, каде што снежната покривка е 25 сантиметри и се измерени минус седум степени. Минус пет степени се измерени во Пожаране, -4 во Ѓуриште, -3 во Тетово, Лазарополе, Крива Паланка и Крушево, -2 во Прилеп, Дебар и Берово, -1 во Скопје, Куманово, Битола и Виница, 0 во Штип, Претор, Струмица и Демир...

Усогласена европската позиција за Русија

По долга преговарачка ноќ во Брисел, лидерите на земјите членки на ЕУ постигнаа согласност за ставот кон Русија и нападот во Солсбери, пренесе МИА. ЕУ лидерите преговараа нешто помалку од три часа за Русија и случајот со труењето на дувојниот руски шпион Сергеј Скрипал со рускиот нервен агенс “новичок„ во Солсбери, обидувајќи се да постигнат согласност околу финалниот речник. “Европската...

Забрани за камиони на Пресека, Стража и Маврово – Дебар

Забрани за движење на тешки товарни возила има на Пресека, Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража и Маврово. Од 05:10 часот утринава е укината забраната за тешки товарни возила на на планинските премини Буково...

Снег, дожд и утрински температури под нулата

Облачно со повремени врнежи од дожд претежно во јужните делови и со снег во северните делови ќе преовладува и денеска во Македонија. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а веќе во попладневните часови речиси насекаде во државата ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер главно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус пет...