Штрајк на германските аеродроми, откажани повеќе од 800 летови на Луфтханза

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажа повеќе од 800 летови од германски аеродроми поради штрајк. Како што вчера соопшти синдикатот, денеска ќе биде организиран штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт, како и на аеродромот во Минхен. Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација. Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени...

Ново рочиште за нападот врз Зијадин Села

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Како што објавија дел од медиумите на денешното рочиште поканети се да сведочат претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот Дамјан Манчевски, пратеникот Александар Кирацовски и премиерот...

Трамп: Претресот на ФБИ во канцеларијата на Коен беше срамна акција

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претресот што ФБИ го изврши во канцеларијата на неговиот личен адвокат Мајкл Коен бил срамна акција и воопшто „лов на вештерки“. Говорејќи синоќа со новинарите во Белата куќа, Трамп тимот на посебниот истражител Роберт Милер, кој ги истражува обвиненијата околу руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година, го нарече најпристрасна група на...

Јокиќ покажува дека забивањата не се неопходни во НБА

Никола Јокиќ ги одржува надежите на Денвер за пласман во плејофот во кошаркарската НБА-лига, благодарение на неговата разновидна игра, која му овозможи да има повеќе трипл-дабл ефекти отколку забивања сезонава, што е невообичаено за центар висок 208 сантиметри. Српскиот кошаркар го оствари неговиот десетти трипл-дабл сезонава (двоцифрен учинок во три статистички категории) забележувајќи 15 поени, 20 скока и 11 додавања...

„Скај њуз“: Јулија Скрипал отпуштена од болница

Ќерката на руско-британскиот поранешен двоен агент Јулија Скрипал, која заедно со нејзиниот татко беше отруена со нервен агенс е отпушена од болница, јави „Скај њуз“, повикувајќи се на свои извори. „Скај њуз“ посочи дека на Јулија Скрипал здравствената состојба драстично и се подобрила и оти таа требала да излезе од болница вчера. За денеска се очекува соопштение од нејзиниот лекарски тим. Скрипал...

Закерберг денеска на сослушување во Конгресот за кршење на приватноста

Основачот на Фејсбук Марк Закерберг денеска и во среда лично ќе сведочи во Конгресот, првпат после скандалот со злоупотребата на податоци од „Кембриџ аналитика“, користени за политичка кампања во корист на претседателот Доналд Трамп. Во меѓувреме, за да ги задоволи регулаторите, социјалната мрежа вчера испрати известување до десетици милиони корисници чии лични податоци биле незаконски „жнеени“. Закерберг се соочува со...

Автобус удри во гранка од дрво на Малта, двајца загинати

Две лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Малта, кога отворен туристички автобус удри во гранка од дрво. Инцидентот се случил вчера во популарното туристичко место Зуријек, во близина на главниот град Валета, познато по бројни морски пештери. Меѓу повредените се и 12 деца, а две од нив се во критична состојба. Патниците во поголем број биле од...

Регионалниот пат од село Теово до Богомила во прекин во следните 30 дена

Регионалниот пат од село Теово до Богомила од денес во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден во периодот од 10 до 14 часот. Причина за прекинот, како што соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“, е асфалтирање на патот.

Земјотрес ја погоди централна Италија, регистрирани помали штети

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтер го погоди рано утрово подрачјето на централна Италија, а првичните информации говорат за помали материјални штети и без сериозно повредени луѓе. Епицентарот бил во градот Мучиа во покраината Марче и се случил во 5:11 часот. Градоначалникот на Мучиа, град што беше тешко погоден од земјотресот во 2016 година, рече дека денешниот потрес предизвикал...

Рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Тенк“

Во Кривичниот суд за денеска се закажани рочишта за предметите на СЈО, „Труст“ и „Тенк“. На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението и да се презентираат и другите материјални докази. Во предметот „Тенк“ на СЈО обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот...