Параглајдерист починал по слетувањето во Гевгелиско
М.Ќ. (47) од село Мрзенци - Гевгелиско, кој бил член на Клуб за екстремни спортови, вчера бил пронајден починат над село Сермин - Гевгелиско, во близина на манастирот „Свети Илија“ .
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера, попладне во 15 часот.
- Имено на М.Ќ., по неговото успешно слетување со параглајдер, му се слошило и по кратко време тој...
Франција остана на патот за одбрана на титулата
Франција - Шпанија и Хрватска - САД се двојките за полуфиналето на тенискиот Дејвис-куп. Во четврт-финалето најнеизвесно беше на дуелот Шпанија - Германија, оти за победникот требаше да се одиграат пет дуела. САД со 4-0 ја победи Белгија, а со по 3-1 славеа Хрватска над Казахстан и Франција над Италија.
Така Франција остана во трка за одбрана на ланската титула...
Работник настрада при поправка на багер
Четириесет и шестгодишен маж од село Лакавица починал откако при поправка на работна машина-багер бил приклештен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела.
Несреќата била пријавена во полиција вчера во 14:10 часот, а се случила во село Беловиште-гостиварско.
Како што соопшти МВР, лекар во Медицинскиот центар во Гостивар ја констатирал смртта на четириесет и шестгодишниот А.Р., а увид на местото...
Основците од ОУ „Вељко Влаховиќ“ во Нови Сад учат македонски
Младиот македонски поет Филип Димкоски неодамна го посети училиштето и со наставничката Снежана Станојловиќ реализираа работилница и јавни блок часови по македонски јазик. Учениците добија и книги од познати македонски писатели и други подароци
И оваа пролет во основното училиште „Велко Влаховиќ“ во Нови Сад, Србија, се одвиваа активности во рамките на меѓународна соработка со Македонија. Младиот македонски поет Филип...
Кој е македонскиот збор за аспирација?
Во зборуваме македонски за употребата на странските зборови во нашиот јазик. И повторно ќе ви направам слика од некој можен разговор. Двајца во градски автобус... - Што, и ти почна да се возиш со градски?! - Го продадов автомобилот. - Од економски причини или од финансиски? - Чекај малку, нели твоите аспирации беа да го прошириш бизнисот. Ми зборуваше...
Велигденска работилница во кичевското училиште „К.Ј.-Питу“
Во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието во кој се вклучени партнерските основни училишта „Кузман Јосифовски-Питу“ од Кичево, „Ѓерѓ Кастриоти-Скендербег“ од селото Србица и „Мустафа Кемал Ататурк“ од селото Пласница, во ОУ „К.Ј.-Питу“ од Кичево како домаќин, се одржа велигденска работилница. Трите партнерски училишта беа составени од тимови од по шест ученици, наставници и родители, кои создаваа...
Од бележникот на писателот Васил Мукаетов
Велигден
Oд кога знам кога и јас бев дете, ова е празник свечен.
Со трепет се очекува, со срце се пречекува.
Дома, по скалите - Црвените килими, најубавите!
Сите домови отворени, честитките повторени.
- Христос воскресна, навистина воскресна!
Во кошничките шарени јајца, исцртани со мерак, уметнички дела.
Децата велат - Ајде на кршење. Врвот со врвот!
Па чие јајце...
„Политика“: Обвинителството бара доживотна казна за Србите што убија Американец на Закинтос
Доживотен затвор бара обвинителството за седум српски државјани, кои се меѓу деветмината обвинети за убиството на Американецот Бакари Хендерсон на грчкиот остров Закинтос, пишува денеска белградска „Политика“.
Според изданието, истрагата утврдила оти Американецот починал 11 секунди по удар со нога во главата и дека еден од учесниците во тоа кривично дело никогаш не е идентификуван.
Според одлуката на советот за прекршоци...
Учениците од ОУ „Живко Брајковски“ бараат решенија за проблемите во својата средина
Брз и небезбеден сообраќај, изградба на амбуланта, хуманитарна акција, непостоење пешачки премин... Ова се некои од проблемите што учениците од основното училиште „Живко Брајковски“ во Скопје заеднички ги идентификуваа во својата заедница. Преку проектот на УСАИД Македонија за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, овие ученици ќе продолжат со своите средби и на следната работилница ќе работат на можните...
Меѓу Вивалди и традицијата за Велигден
„Велигденски компромис“ е насловен последниот проект на талентираниот тинејџер Пане Хаџи-Василев од Кавадарци, што тој ја поврза со големиот христијански празник. Инаку, тој е добитник на првата награда за цртеж на темата „Мода во Шпанија“, а своите дела освен на изложби ги претставува на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Инспириран од музичкото дело „Четири годишни времиња“ од Антонио...