Димитров: Има разлики меѓу македонската и грчката нацрт-спогодба за името

Претставник на македонското Министерство за надворешни работи денеска во попладневните часови во Атина го доставил македонскиот нацрт-договор за решавање на спорот околу името, порача на денешната прес-конференција шефот на македонскатаа дипломатија Никола Димитров. Нагласи дека на македонскиот нацрт-договор интензивно се работело изминатите денови и потврди дека македонската страна, исто така, го добила грчкиот нацрт-договор. Истакна дека постојат разлики во македонската и...

СЈО ќе одржи прес-конференција напладне

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите најави дека денеска напладне ќе одржи прес-конференција. Од СЈО не соопштуваат која ќе биде темата на прес-конференцијата. СЈО минатата недела на својата веб страница го објави шесмесечниот извештај во кој е наведено дека досега обвинителите ја анализирале содржината на 515.572 аудио фајлови,...

Продолжува судењето за „Тенк“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Тенк" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола...

Се интензивира процесот за изнаоѓање решение за спорот за името

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 30 март во Виена ќе имаат заедничка средба со поредникот на ОН Метју Нимиц во обид да ги приближат ставовите за изнаоѓање прифатливо решение за спорот со името. Во меѓувреме, грчкиот министер во четврток треба да пристигне во Македонија, кога и ќе се разгледува содржината...

Каруана е најблиску до мечот за светската круна

Американскиот велемајстор (ВМ) Фабијано Каруана (2.784 рејтинг-поени), води со пет поени (без пораз), по првиот круг, односно седумте кола на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот шаховски првак Магнус Карлсен, во Берлин. На половина од турнирот Каруана има најмногу победи (три), Ерменецот Левон Аронијан и Американецот Весли Со пак најмногу порази (по три), а најмирољубив во Берлин е членот...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација со првиот вчерашен попладневен тренинг во спортскиот центар во Белек ги почна подготовките за двата контролни натпревара против Финска и против Азербејџан во Анталија, Турција. Селекцијата, предводена од селекторот Игор Ангеловски, вчера се комплетира со доаѓањето на капитенот Горан Пандев, играчот на италијанската Џенова, потоа на Стефан Ристовски од Спортинг, Езџан Алиоски од Лидс и...

Патниот правец Маврово-Дебар прооден за сите видови возила

Сообраќајот по регионалниот пат Маврови Анови - Дебар е нормализиран по интервенцијата за расчистување на одронот кај месноста Трница. Од СВР Тетово ја потврдија информацијата дека механизацијата успеала да го отстрани материјалот кој падна изуринава и го попречи одвивањето на сообраќајот, а извесно време беше во прекин за товарни возила. Од СВР Тетово ги потсетуваат возачите, дека заради временските услови кои...

Се намалува поддршката за независна Каталонија

Поддршката за независност на Каталонија сѐ повеќе се намалува, покажуваат најновите анкети. Па, така, поддршката за независна Каталонија е намалена на 40,8 отсто. Колку за споредба, во октомври 2017 година дури 48,7 проценти од Каталонците ја поддржаа независноста на оваа шпанска покраина. На прашањето каква организациска структура би требало да има Каталонија, 36,3 отсто од испитаниците изјавиле дека таа би...

Јункер: За Британија е подобро јас да сум британски премиер

Шефот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, порача дека за Британија би било подобро доколку тој ја замени Тереза Меј на премиерското место. Запрашан за состанокот на Меј со нејзините министри, на кој се разговарало за односите меѓу Британија и ЕУ по брегзит, Јункер изјавил дека би било добро да е премиер. - Но не сум, ќе ги коментирам резултатите...

ЕУ ја очекуваат жестоки дебати и кавги за буџетот

Искуството на европските дипломати со преговорите за среднорочната финансиска рамка на ЕУ, односно „европската седмолетка“, говори дека тие редовно се најтешки средби на врвот на Унијата. Шефовите на држави и влади со денови се пазарат и никој не сака да попушти ниту за еден цент, бидејќи тука се работи за вкупно 1.000 милијарди евра, за периодот од 2021 до...