„Плати со поезија“ на десет локации во Македонија
Денот на поезијата - 21 Март денеска по четврти пат ќе се одбележи со настанот „Плати со поезија“ во Скопје и во Велес. Сите што ќе напишат стих или песна може да се напијат кафе или чај во локалите што се вклучени во акцијата.
Настанот се одржува во десетици земји во организација на виенскиот произведувач на кафе и чај...
Центар парите за фонтани и споменици ги пренамени за инфраструктура
На барање на општина Центар, Владата на седница синоќа ја усвои Информацијата за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од буџетот.
Во периодот од 2007 до 2013 година како капитални дотации од буџетот на сметката на општина Центар биле префрлени 3,5 милијарди денари за изградба на фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури...
Судењето за „Тенк“ продолжи со искази на сведоци
Со сослушување нови сведоци денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Сите обвинети присуствуваат на денешното рочиште. На претходното рочиште што се...
Би можело да има 143 милиони „климатски мигранти“ до 2050 година?
Повеќе од 140 милиони луѓе во три региони во светот можат да мигрираат до 2050 година за да ги избегнат ефектите од климатските промени, како што се намалувањето на земјоделското производство, недостатиг на вода и зголемувањето на нивото на морињата, предупреди Светската банка во објавениот извештај.
Во него се наведува дека ако дотогаш ништо не се направи по ова прашање,...
Поранешниот градоначалник на Кривогаштани ја оштетил општината при набавка на гориво
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т. З. заради постоење на сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување.
Како што информираше на прес-конференција портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова, екс градоначалникот на Кривогаштани, во периодот од 2013 до 2016 година , по склучен договор на општината со приватна фирма,...
Израел уништил сириски нуклеарен објект во 2007 година
Израелската армија денеска потврди дека во 2007 година нападнала и уништила таен нуклеарен реактор во соседна Сирија за време на воздушна операција.
Постоеја претпоставки дека Израел стои зад воздушниот удар на непријателска територија, во регионот на Ал Кибар, но ова е првпат таа држава отворено да презеде одговорност за нападот со објавување на декласифицираните документи за случајот.
-...
Светски ден на лицата со Даунов синдром
Со презентацијата на резултатите од проектот „И јас можам да бидам балерина“ денеска во Кинотека на Македонија во Скопје ќе биде одбележан 21 Март, Светскиот ден на Дауновиот синдром. Организаторите информираат дека во рамки на одбележувањето ќе има и балетски перформанс.
- Изминатите неколку години организиравме голем број активности, и ја користевме секоја можност за подигнување на свеста за тоа...
Димитров: Има разлики меѓу македонската и грчката нацрт-спогодба за името
Претставник на македонското Министерство за надворешни работи денеска во попладневните часови во Атина го доставил македонскиот нацрт-договор за решавање на спорот околу името, порача на денешната прес-конференција шефот на македонскатаа дипломатија Никола Димитров.
Нагласи дека на македонскиот нацрт-договор интензивно се работело изминатите денови и потврди дека македонската страна, исто така, го добила грчкиот нацрт-договор.
Истакна дека постојат разлики во македонската и...
СЈО ќе одржи прес-конференција напладне
Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите најави дека денеска напладне ќе одржи прес-конференција. Од СЈО не соопштуваат која ќе биде темата на прес-конференцијата.
СЈО минатата недела на својата веб страница го објави шесмесечниот извештај во кој е наведено дека досега обвинителите ја анализирале содржината на 515.572 аудио фајлови,...
Продолжува судењето за „Тенк“
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Тенк" обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола...