„Моден викенд“ под слоганот „Што ја храни твојата имагинација“
Седумнаесеттиот „Моден викенд Скопје“, од 30 март до 1 април, ќе биде домаќин на најновите дизајнерски колекции, во една од најстарите културни установи во Македонија, националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
Сезоната пролет-лето, под слоганот „Што ја храни твојата имагинација“, ќе ја отвори ревијата на дизајнерите Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска, со колекцијата „Архитектура во движење“....
Кои се улогата и надлежностите на Венецијанската комисија
Венецијанската комисија, која често се споменува во рамките на дебатите за установите и законските промени, па, така и во однос на актуелната расправа за Законот за употреба на јазиците, е советодавно тело на Советот на Европа, кое дава мислења во однос на законодавствата на своите членки. Мислењата на комисијата не се формалноправно обврзувачки, но се почитуваат во државите-членки на...
Се бараат невакцинираните деца за морбили
Службите за имунизација при Здравствените домови ја проверуваат евиденцијата и бараат невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца, за да ги повикаат родителите да ги донесат на вакцинација. Комисијата за заразни болести им даде таква задача минатата недела, по појавата на деветтиот случај болен од морбили, мали сипаници годинава. Епидемиолозите алармираат дека овој вирус може забрзано да ги заразува незаштитените, како...
СЈО го презема „Монструм“
Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во април 2012 година.
- Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме подготвени за презентирање пред судот. Постапката продолжува во фазата во која се наоѓа предметот, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната прес-конференција.
Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април...
Темел на владината коалиција не е ЗУЈ, туку владеењето на правото
Во изминатиов период, пред изгласувањето на Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ), во јавноста во повеќе наврати беше лиферуван идентичен став и на поединци претставници на власта и од опозицијата. Многу чудно, но вистинито беше што за една битна констатација беа идентични и позицијата и опозицијата и тоа токму на прашањето за ЗУЈ, за кое истите тие политичари, од...
Речиси една третина од општините и досега беа двојазични
Според 14-то поглавје од Законот за локална самоуправа, односно членот 89, во општините во Македонија, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Но понатаму, со членот 90 се одредува кои се службени јазици во општините, па во ставот 1 е наведено: „Во општините службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото, кои...
СЈО ги отвори истрагите „Попис“, „Моќник“ и „Актор“
Партиите од претходната власт се сомничат дека го оштетиле буџетот за повеќе од 175 милиони денари, договарајќи се да го стопираат спроведувањето на пописот во 2011 година, кажа специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), најавувајќи ја отворената истрага „Попис“ која се води против поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, односно лидерот на...
Теленор ги продава бизнисите во централна и источна Европа
Норвешката телекомуникациска компанија Теленор постигна договор за продажба на работењето во централна и источна Европа на чешката инвестициска компанија ППФ за 2,8 милијарди евра.
- Трансакцијата го вклучува работењето во мобилната телефонија во Унгарија, Бугарија, Црна Гора и Србија, која во целост е во сопственост на Теленор, како и на компанијата Теленор Комон Оперејшн - информираа денеска од оваа компанија
-...
Атлетико е подготвен на размена на ѕвездите со Јувентус
Напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала може да се пресели во Атлетико Мадрид, објави „Марка“.
Според шпанскиот весник, мадридскиот клуб е подготвен за Аргентинецот да ги потроши сите пари од продажбата на Антоан Гризман во Барселона, трансфер се поизвесен дека ќе се случи во летниот преоден рок.
Дибала во понеделникот одржал средба со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, на која се разговарало...
Брачна двојка од Франција на суд поради името на нивното бебе
Имињата на децата честопати предизвикуваат сериозни расправии кога родителите, сакајќи да бидат оригинални, ќе отидат предалеку со креативноста.
Еден таков случај во Франција заврши на суд, бидејќи родителите сакале ќеркичката да ја крстат Лијам. Тоа име во Франција се среќава често, но кај машките деца.
Името на девојчето може да доведе до забуни околу нејзиниот пол. Во интерес на детето е...