Илјадници љубители на фудбалот ширум светот се простуваат со легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, откако тој почина вчера, додека се опоравуваше од операција на мозокот.
Иако Марадона имаше статус на легенда во својата родна Аргентина, вистински статус на фудбалски бог имаше во Неапол, каде што ги оствари сите соништа на навивачите на Наполи.
Обожавателите се собраа да и оддадат почит на починатата легенда надвор од стадионот кој го носи неговото име во Буенос Аирес, како и пред стадионот „Сан Паоло“ во Неапол.