Пандемијата ќе предизвика нова должничка криза

Пандемиите што се алармантни и деструктивни, како што е ковид-19, може да бидат корисни, доколку ги потсетат сите дека од клучна важност е јавното здравство. Кога се појавува заразна болест, дури и најзаштитените елити на општеството мора да се грижат за здравјето на занемарените населенија.
Оние што се залагаат за приватизација и мерки за намалување на трошоците што ја негираат здравствената заштита на најранливите, сега знаат дека тоа го сториле на своја штета. Целокупното здравје на едно општество зависи од здравјето на неговите најсиромашни луѓе.

Кризата со ковид-19 може да предизвика многу сериозни економски ефекти, истовремено туркајќи ја глобалната економија во рецесија. Синџирите за снабдување се нарушени, фабриките се затвораат, цели региони се затворени, а поголем број работници се борат да ги обезбедат своите основи средства за живот. Овие случувања ќе доведат до зголемување на економските загуби. Светската економија, која веќе страда од недоволна побарувачка поради зголемувањето на богатството и нееднаквоста во приходите, сега стана ранлива од големиот шок предизвикан од страна на понудата.
Друга потенцијална последица од пандемијата, која е помалку позната, но потенцијално поважна, е зголемената финансиска кревкост, што значи потенцијал за должничка криза, па дури и за поширок финансиски колапс.
Откако ќе биде задржан и запрен ковид -19 и ќе се спроведат политиките за олеснување на ситуацијата, синџирите на снабдување ќе бидат обновени, а луѓето ќе се вратат на работа со надеж дека ќе дополнат барем дел од изгубените приходи. Но тоа вистинско економско закрепнување би можело да биде нарушено од нерешени финансиски и должнички кризи.

Неодамнешната анализа на Обединетите нации направена на конференција за трговија и развој покажува како долгорочните долгови може да претставуваат поголем проблем за глобалната економија и финансискиот систем. Во 2018 година, вкупниот долг (приватниот, јавниот, домашниот и надворешниот) низ земјите во развој беше речиси двојно поголем од нивниот заеднички БДП.
Особено е загрижувачко зголемувањето на приватниот долг од страна на нефинансиските корпорации, кој сега изнесува речиси три четвртини од вкупниот долг во земјите во развој (многу поголем однос отколку во напредните економии). Според УНКТАД, нестабилните „странски финансиски сенки врз институциите“ имаат голема улога во поттикнувањето на оваа акумулација, така што околу една третина од приватниот нефинансиски корпоративен долг во земјите во развој (со исклучок на Кина) е деноминиран во странска валута, а се држат од страна на надворешни доверители односно кредитори.
И покрај сѐ, азиските финансиски пазари беа ранливи уште пред сегашниот шок, поради паѓање на маргините на банкарството во сенка, поголемите ризици и прекумерната зависност од банките (проблем што веќе е изложена Индија). Уште полошо, значителен удел од стресниот долг во регионот имаат енергетските, индустриските и комуналните претпријатија, од кои сите се директно засегнати од неодамнешниот пад на производството и падот на цената на нафтата. Со распаѓањето на пазарот на капитал, се намалија и капиталните амортизери.
Овие проблеми не можат да бидат зауздени со политиките спроведени во која било земја.

Повеќе од кога и да е, на глобалната заедница ѝ е потребно лидерство за да се справи со непосредните ефекти на пандемијата од коронавирус и нејзиниот економски пад. Покрај координираното фискално трошење низ земјите, итно треба да се справиме со должничката криза што наскоро ќе одекне. Време е да започнеме да размислуваме за решавање на долговите и за нивно реструктурирање.
Како што сугерира турскиот економист Сабри Ончу, ние можеме да започнеме со преземање на битните работи од лондонскиот договор за долгови од 1953 година, кој драматично ги смени економските услови за Германија, која во тоа време беше голем должник.

Договорот меѓу Германија и 20 надворешни кредитори отпиша речиси 46 отсто од предвоениот долг на земјата и 52 отсто од нејзиниот повоен долг, додека преостанатиот долг беше претворен во долгорочни заеми со ниски камати со петгодишен грејс-период на отплата. Најзначајно, Германија мQораше да го врати својот долг само доколку оствари трговски суфицит, а сите отплати беа ограничени на три отсто од годишната заработка од извоз. Ова ги охрабри доверителите на Германија да му се посветат на нејзиниот успех во извозот, создавајќи услови за последователен бум.Овој тип на координирана стратегија за решавање на долговите е од суштинско значење за денешниот меѓусебно поврзан свет и проблемот со епидемијата.

Авторката е професорка по економија на Универзитетот во Њу Делхи