Наредната фаза од трговската војна на Трамп против Кина

Ју Јонгдинг

 

Кина останува посветена на својот 40-годишен процес на реформи и отворање. Но за остварувањето на оваа посветеност, кинеските лидери ќе мора да најдат начини за менаџирање на ескалирачките тензии со САД и да ја избегнат скапата, и потенцијално разорна, реконфигурација на глобалната економија

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот колега Си Џинпинг можеби постигнаа согласност на самитот на Г20 за продолжување на трговските преговори, но патот кон ставањето крај на трговската војна останува многу јасен. Покрај сѐ, двајцата лидери постигнаа сличен договор и на претходниот самит на Г2О, во Буенос Аирес во декември, и тие разговори на крајот пропаднаа, делумно и поради тоа што Трамп погрешно го процени помирувачкиот став на Кина како слабост.
Во секој случај, вреди да се разгледа како трговската војна може да се развива во наредните месеци и години и што може Кина да стори за да се заштити. Увозните тарифи може да останат стабилни – без нивно ескалирање или намалување. Договорот од Осака го спречува Трамп од остварување на неговата закана за воведување дополнителни царини за кинески производи, вредно 300 милијарди долари. Но договорот не стори ништо за поништување на претходните мерки, како што е зголемувањето на тарифите од 15 на 25 отсто.

И додека овие тарифи сѐ уште немаат сериозни последици за кинеската економија, нивните ефекти најверојатно ќе се продлабочуваат со текот на времето. Но Кина има поголеми шанси да ги убеди САД да ги укинат царините ако се воздржи да возврати со свои тарифи. Наместо тоа, Кина треба да се фокусира на намалување на својот билатерален трговски суфицит со САД. Станува сѐ поочигледно дека царините на Трамп им нанесоа поголема штета на американските бизниси и потрошувачи отколку на Кина.
Ефектите од трговската војна веќе се префрлија на прекуграничните инвестиции. Во изминатите години, растечките трошоци на кинеското производство веќе избркаа многу странски фирми, па дури и кинески компании, да ги релоцираат нивните операции во земји со помали трошоци, како Виетнам и Кина. Трговската војна дополнително го забрзува тој процес. Во меѓувреме, забавува и порастот на американски инвестиции во Кина.

Администрацијата на Трамп сака американските компании да ја напуштат Кина. Останува на Кина да ги убеди да останат. Тоа значи подобрување на локалната инвестициска околина, вклучувајќи одговор на легитимните жалби на странските компании и поголемо почитување на правилата на Светската трговска војна.

Но притисокот на Кина не завршува таму. САД исто така сакаат да ги исклучат кинеските високотехнолошки компании од глобалната економија. Трамп неодамна најави дека ќе им дозволи на американските компании и понатаму да соработуваат со кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“, и тоа по повеќемесечна кампања против компанијата. Но малку е веројатно неговата администрација да ги напушти напорите за „задушување“ на кинеските високотехнолошки индустрии.

Кина има три опции. Прво, може да попушти на американскиот притисок за исклучување од глобалните економски текови. Второ, може да остане посветена на интеграција, надевајќи се дека, благодарение на постојната меѓузависност, санкциите против високотехнолошките компании во Кина исто така ќе им наштетат и на американските компании за да ја принудат администрацијата на Трамп да се повлече. Третата опција е да се фокусира на поддршка на напорите на домашните високотехнолошки компании за зајакнување на нивните позиции во глобалната економија и развој на вонредни планови.

Кина исто така мора да се подготви за можноста трговската војна да ескалира во валутна војна. Доколку кинеската валута се најде под притисок за девалвирање и кинеската народна банка не интервенира за стабилизирање на нејзината вредност наспроти американскиот долар, САД може да ја именуваат Кина како валутен манипулатор, а Пекинг не може многу да стори за тоа.

И покрај сѐ, Кина останува на својот 40-годишен реформски процес и отворање кон надвор. Денес тој процес мора да се фокусира на удвојување на напорите за зајакнување на интелектуалната сопственост и почитување на конкурентската неутралност, како и одбрана на мултилатерализмот. Но за тоа кинеските лидери ќе мора да најдат начини за менаџирање на ескалирачките тензии со САД и да ја избегнат скапата, и потенцијално разорна, реконфигурација на глобалната економија.

Ју Јонгдинг е поранешен член на комитетот за монетарна политика при Народната банка на Кина