Таа беше серија со едно врвно актерско остварување на многу познати глумци од елитата на турскиот актерски свет, кои имаат врвни актерски достигнувања во турската кинематографија.
Но дали нашите Македончиња во нашата Македонија ја гледаа серијата? Или ја гледаа како и сите турски серии како нешто здодевно неинтересно, како нешто демек времето да помине пред телевизорот, како што се зборува меѓу народот за турските серии. Не, не требаше така да ја гледаме, затоа што во Грчко-турската војна, „грчките“ војници во серијата, во Смирна биле повеќе Македонци од нашата Беломорска Македонија.
Седам јас со мојот пријател Нестор (83) од Гуменџа дојден од тој дел на Грција, и тој ми рече дека од тројца свои чичковци, ранети во таа војна како учесници, некои од нив без прсти или пунктирани раце, разбрал оти скоро две третини од регрутираните војници за Грчко-турската војна во Мала Азија биле главно од Беломорска Македонија.
И тој ми објаснува како народот има песна што ја пее за таа војна во цела Грција со зборовите: „Не се плашите Македонци, и вие не сте сами, 3.000 евзони (evzonakja) идат да ви помогнат“. Тоа зборува за големото учество на македонското население во таа крвава војна, а Грците најмалку се надевале дека ќе ја изгубат, што се виде и од серијата. Затоа и дошло до големи загуби. Во градови во овие делови (од Серес до Воден) се изградени огромен број споменици за војниците, учесници во таа војна. Многу потомства на македонски фамилии биле загинати и прекинати.
Тоа било уште едно уништување на македонското население во Грција, при што бил искористен гневот на македонскиот народ против Турците, за петстотините години турско ропство. И сѐ уште не е доста, голготата на обезличување продолжува, а денес за некакви цели (НАТО и ЕУ) уништувајќи си го коренот продолжува нашата политика на понижување на сопствениот македонски народ.
Би можела оваа серија да биде пореална, ако бевме поактивни ние денешните Македонци, да побараме тие херои во Грчко-турската војна да прозборат на својот мајчин јазик. Што би претставувало борба за одржување на своите корени на својот народ, а не преку либерализацијата (влегувајќи во НАТО и во ЕУ), тотално да исчезнат нашите корени во таа либеризациска мешавина во која најмалиот исчезнува. Особено ако ги немаш желбата и сакањето на сопствената нација, план за одржување на македонската нација во тие европски процеси на либерализација, ние нема шанси да ги одржиме нашите корени и идентитет.
Инж. Стефан Поцев, пензионер