ДУИ ќе го разгледувакоалицискиот договор
Ангел Иванов: Па ние заради ваквата коалиција ли правевме предвремени избори? Повторувачи ли сме?
Заев и Ахмети се договорија последните 100 дена од мандатот премиер да биде Албанец
Стојан Димковски: „Согласни сме за неселективна и длабинска борба со криминалот и корупцијата, на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат“. Кога ќе го спроведете пописот и ќе ја урнете дивоградбата пред „Мавровка“, можеби некој ќе ви поверува. Сѐ друго е ветер и магла!
Како светот ќе вакцинира седум милијарди луѓе?
Слободан Стојчевски-Цобе: Приоритет имаат МЛАДИТЕ, кои спаѓаат во ризичните групи, после старите според возраста, од 40-50, па од 50-60 итн., па после целото население. Така е правилно, чесно и хумано, иако кај нас ќе ја делат партиски.
Образовниот модел ќе се утврди по пат на обиди и грешки
Цвета Танаскоски: Нема простор за грешки кога се работи за нечие дете, кое ќе го принудите да оди на школо, како војник на минирано поле… Некој треба да преземе одговорност од Владата, а не тоа да им се остава на општините и на градоначалниците. Убаво знаете што ќе стане ако нечие дете умре од короната што ја добило на школо. Ќе ве раскине народот! Затоа, како влада, ја избегнавте одговорноста и ја префрливте на општините!
Ангеловска: Не знаев за пропаѓањетона Еуростандард банка
Борис Апостолов: Може ли Финансовата полиција, без никакви пристрасности, да ја разреши оваа дилема? Ако направила прекршок министерката, нека одговара, а ако не, нека си бара задоволување по судски пат.
Одложено рочиштето за „Насилство во Општина Центар“, одбиено барањето на Јанакиески
Виктор Додов: Кои шамари бе?! Го заборавивме предметот затоа што поминаа години од тогаш, а се одложува по 25-ти пат. За да се присетиме, треба да се организираат нови, вистински шамари кон оние што го дозволуваат овој театар од постапка.