Познато е дека постои природен закон на трета генерација, а се однесува на успешното раководење на некое кралство, каде што првата генерација создава, освојува, убива и го проширува своето кралство до максимални граници така што при замената кралот поставува најспособни и најдобри принцови или принцези на престолот за успешно да го водат стекнатото богатство. Но, постои еден природен закон на генерациите што при замената на принцовите и принцезите што кралот ги одбрал, ќе се пробие некој понеспособен и ненадарен принц што ќе го заземе соодветното место и во тој случај контролата и безбедноста на тој дел опаѓаат, а со тоа се намалува безбедноста на целото кралство.
Значи, понатаму доаѓа третата генерација на принцови и принцези што треба ревносно да ја заменат втората генерација и кралот од природни причини поставува неспособни раководители што се мотаат околу кралскиот двор и од самозадоволството и богатите услови при раководењето поставуваат неспособни раководители, кои на крајот го губат целосно стекнатото богатство.
Од досегашната историја на човештвото има безброј примери во европските кралства и пошироко, кои своето богатство го губат поради тие причини.
А, што се случува со нашето бриселско кралство? Дали тоа наше кралство веќе е пополнето со раководители на третата генерација?
Еве, на пример, ЕУ му дава налог на шефот за европски прашања г. Бујар Османи, односно му дава знаменца и тој ги поставува како ќе му текне, едни знаменца ги повлекува, други знаменца ги поместува напред итн. Друг случај е со госпоѓата Федерика Могерини и Талал Џафери, кои двајцата само за шест минути формираат и усвојуваат и одобруваат формирање на Собрание на Република Македонија, и тоа без записник на присутните пратеници, кои божем случајно се нашле таму.
Сега треба особено да пази бриселското кралство да не поставува такви „принцови“ и „принцези“, кои работат на своја рака, никого не слушаат и, по сѐ изгледа, ако продолжат така, ќе им припадне целото кралство.
За да се реши настанатата состојба во Европска Унија на полето на малцинските права треба, како што и порано напишав, да се донесе еден закон за малцински права, кој ќе важи за сите десет држави на Балканскиот Полуостров без исклучок.
На тој начин ќе се изедначат граѓаните како луѓе.
Томе Секуловски