Во градот под Маркови кули и не само во градот на непокорот Прилеп, туку и во сите помали и поголеми населени места во нашата држава ситуацијата е насекаде иста. Младата популација во Прилеп спасот за чесно заработениот денар го бара надвор од нашите граници. Во текот на денот има некоја флуидна раздвиженост која се должи, пред сѐ, во чекање ред во банкарските експозитури за субвенционирање на земјоделските култури од една страна и земање на некој кредит за да се покријат режиските трошоци во семејната заедница од друга страна. Младата популација седи по прилепските кафулиња со огласи во рацете за да се информираат од прва рака каде е следната, за жал, нивна дестинација.
„Еј луѓе!“ Од Прилеп еден полн автобус со наши деца кои не сакаат да ги мерат улиците и сѐ уште да бараат пари од своите родители, заминуваат да работат во хотелиерството во летниот период по Јадранската ривиера. Друг случај на огласна табла гласи „агенција со пристојна плата нуди работа за лекарски персонал во Германија“. Добро прочуената Стара прилепска чаршија е пуста и следствено на тоа изумираат старите занаети.
За разлика од старите, новите занаети се казина и обложувачници кои ги има на секое место во градот.
Дипл. екк. Рубинчо В. Јованоски, новинар од Прилеп