Со коронавирусот се соочува целиот глобален свет. Оваа здравствена чума зема и ќе зема невини животи. Затоа неминовно треба да се почитуваат препораките на СЗО и на здравствените стручни авторитети. Поради ова македонското општество прогласи вонредна состојба, со единствена цел да се бориме со овој невидлив непријател. Живееме вонредно, со затворени училишта и факултети, ограниченост на движењето, со една единствена цел спас на сечиј живот. Во оваа ситуација треба да бидеме свесни и совесни. Да се почитува полицискиот час, кој е од наш заеднички интерес. Во една ваква епидемиска состојба се откриваат нашите општествени проблеми во здравството, стопанството, економијата и други дејности, односно колку сме вложувале во приоритетите да дејствуваме и работиме во вакви вонредни состојби. Овде особено мислам на образованието на сите степени.
Имено, кога сите наши балкански земји применуваат онлајн-настава односно далечинско учење (дома) со сите интернет-алатки да се приближи наставата и наставните содржини до учениците, нашето министерство за образование и наука, односно нејзиниот министер Арбер Адеми, и „неговите советници од МОН, како и советниците на Бирото за развој на образованието, не размислуваат за онлајн-настава како можна опција, туку опцијата е учење преку телевизија, со едукативни содржини што ќе се емитуваат само на телевизија. Па, потоа, на 24 март министерот Арбер Адеми да истакна дека по предлог на Министерството за образование и наука, Владата донела уредба за наставата во сите степени – основно, средно и високо да се изведува онлајн, односно далечинско учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација, при што секоја институција ќе одлучува за формата, а наставникот може да изврши оценување на учениците. Можат да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот. И таа платформа ќе ја подготви Бирото за развој на образованието, во соработка со УНИЦЕФ.
Значи, мои читатели и родители, допрва треба да се подготвува платформа за наставните содржини, видеолекции (кои треба да бидат 15 минути!?) со нарација и објаснување на наставникот… за една наставна тема ќе има една лекција. Таа платформа ќе се дополнува секојдневно.
Што велат практичарите.
Наставниците, професорите од основните и средните училишта велат дека подготовките на наставните единици не се проблем, но тестирањето е проблем. Како што велат, интернет-комуникацијата во центарот на Скопје е слаба, а да не зборуваме за другите градови и села во Македонија.
Практичарите предлагаат (за оваа вонредна состојба) во свидетелствата за оваа година да нема оценки, туку само да пишува успешно завршена година, и тие да не се земаат предвид при уписите во средно и на факултет.
За оваа година да нема полагање државна матура. Проблем е самото полагање. Треба да се полага во училиштата во цела држава во ист ден и ист час. Невозможно. За некаква објективност и не станува збор. За сето ова МОН нема ништо кажано, нема образовна стратегија и знаење.
Во однос на високото образование, практичарите велат дека интернет-комуникацијата со студентите во теоретскиот дел и наставните содржини и прашања нема проблем. Проблемот се појавува со практичните вежби, особено на уметничките и спортските факултети, природно-математичките, медицинските, стоматолошките, фармацевтските, архитектонските, градежните факултети и слично. Како што велат професорите, практичните вежби треба да се реализираат по завршувањето на оваа здравствена криза.
Со коронавирусот се соочува целиот глобален свет. Оваа здравствена чума зема и ќе зема невини животи. Затоа неминовно треба да се почитуваат препораките на СЗО и на здравствените стручни авторитети. Поради ова македонското општество прогласи вонредна состојба, со единствена цел да се бориме со овој невидлив непријател. Живееме вонредно, со затворени училишта и факултети, ограниченост на движењето, со една единствена цел спас на сечиј живот. Во оваа ситуација треба да бидеме свесни и совесни. Да се почитува полицискиот час, кој е од наш заеднички интерес. Во една ваква епидемиска состојба се откриваат нашите општествени проблеми во здравството, стопанството, економијата и други дејности, односно колку сме вложувале во приоритетите да дејствуваме и работиме во вакви вонредни состојби. Овде особено мислам на образованието на сите степени.
Имено, кога сите наши балкански земји применуваат онлајн-настава односно далечинско учење (дома) со сите интернет-алатки да се приближи наставата и наставните содржини до учениците, нашето министерство за образование и наука, односно нејзиниот министер Арбер Адеми, и „неговите советници од МОН, како и советниците на Бирото за развој на образованието, не размислуваат за онлајн-настава како можна опција, туку опцијата е учење преку телевизија, со едукативни содржини што ќе се емитуваат само на телевизија. Па, потоа, на 24 март министерот Арбер Адеми да истакна дека по предлог на Министерството за образование и наука, Владата донела уредба за наставата во сите степени – основно, средно и високо да се изведува онлајн, односно далечинско учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација, при што секоја институција ќе одлучува за формата, а наставникот може да изврши оценување на учениците.
Можат да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот. И таа платформа ќе ја подготви Бирото за развој на образованието, во соработка со УНИЦЕФ.
Значи, мои читатели и родители, допрва треба да се подготвува платформа за наставните содржини, видеолекции (кои треба да бидат 15 минути!?) со нарација и објаснување на наставникот… за една наставна тема ќе има една лекција. Таа платформа ќе се дополнува секојдневно.
Што велат практичарите.
Наставниците, професорите од основните и средните училишта велат дека подготовките на наставните единици не се проблем, но тестирањето е проблем. Како што велат, интернет-комуникацијата во центарот на Скопје е слаба, а да не зборуваме за другите градови и села во Македонија.
Практичарите предлагаат (за оваа вонредна состојба) во свидетелствата за оваа година да нема оценки, туку само да пишува успешно завршена година, и тие да не се земаат предвид при уписите во средно и на факултет.
За оваа година да нема полагање државна матура. Проблем е самото полагање. Треба да се полага во училиштата во цела држава во ист ден и ист час. Невозможно. За некаква објективност и не станува збор. За сето ова МОН нема ништо кажано, нема образовна стратегија и знаење.
Во однос на високото образование, практичарите велат дека интернет-комуникацијата со студентите во теоретскиот дел и наставните содржини и прашања нема проблем. Проблемот се појавува со практичните вежби, особено на уметничките и спортските факултети, природно-математичките, медицинските, стоматолошките, фармацевтските, архитектонските, градежните факултети и слично. Како што велат професорите, практичните вежби треба да се реализираат по завршувањето на оваа здравствена криза.
Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор