Григор Прличев бил македонски литературен творец. Образованието го завршил на грчки јазик. Пишувал творби на македонски јазик и кирилско писмо, а пишувал и на грчки јазик, како што е напишана поемата „Сердарот“. Пишувал за Грција на грчки јазик, а за Бугарија на бугарски јазик. Тој никогаш не ги заборавил родната земја Македонија и својот народ. Со едно писмо не може да се опфати дејноста на Прличев. Со писмово авторот има цел да се запознае јавноста со литературната творба што ја напишал Прличев по повод 1.000-годишнината од смртта на Методија Солунски, под наслов „Слово на свети Кирил и Методија“. Само еден дел од содржината на словото гласи:
„Благодарение Вам, мили мој колеги, что оставихте татковината си и дојдохте да послужите на нашата татковина, или подобро да кажам, на татковината на св. св. Кирил и Методија и са празнувате в самиј Солун праздникот на солунските светии. Оскудело нам мудрих мужеј число. Мајка Македонија много е ослабнала. Одкако поради великога Александра, од како поради св. св. Кирила и Методија од тога мајка Македонија лежи на леглото си ужасно изнемоштена совршено примрела. Мајка, что родила великога сина, надали ќе може да роди и другего. Срдечно благодариме Вам мили мој сотрудници что дојдохте да целувате светата земја, дето стапнали нозете на св. св. Кирила и Методија. Нио нужда имаше од нашето благодарение. Доволно сте наградени од самата си савест. Даже и блаженството е вселено во срцата Ваши, део служите на Кироловото отечество. Ваше во Солун надали е подолно од божји гроб.
Ете толку во тој цептар којто ќе произведе оште много Кириловци и Методиевци, којто ќе бидат светила на училиштата ни, ќе бидат благолепие на црквите ни, ќе бидат сталпци на верата, и ќе прославјат Македонского име. Болно е возвишениот елинизам и бугаризам“.
Читателот од самата содржина на словото ќе заклучи какви чувства имал Григор Прличев за Македонија и македонскиот народ и опасноста што го демне од соседите. Имајќи ја предвид мислата на Прличев нема место за делење на нашата историја.
Политичарите склучиле договор со Р. Бугарија за добрососедство. Ние Македонците никогаш не сме го вознемирувале соседството, ами ние сме биле вознемирувани. Вистина е дека во долгиот период на нашата борба за слобода сме наоѓале засолништво во Бугарија, но тоа не е причина да ги делиме нашите великани, војводи и комити и историски датуми. Ние Македонците си имаме своја историја, а бугарскиот народ своја историја. Прличев бил Македонец и таков останал до крајот на животот.
Ако се анализира историјата на балканските народи, ќе утврдиме дека нам, Македонците, никој не ни помогнал во борбата за слобода, а на српскиот, бугарскиот и на грчкиот народ им помогнале големите западни сили и Русија. Србите нашле помош и засолниште во Австро-Унгарија, Бугарија е ослободена од турско владение директно од руската армија, а Грција од Франција, Англија и Русија, со помош на дипломатија или со директна помош. Досега никој од Австро-Унгарија, Русија и од другите големи сили не побарал делба на историјата со Србија, Бугарија и Грција. Само од нас Македонците се бара да делиме, да нѐ ограничат во суверенитетот.
Веле Калчиноски, Кичево