Писмо до „Нова Македонија“
Jа забележуваме подготвеноста на претседателот на САД, Џозеф Бајден, изразена на 7 декември оваа година за време на разговорот со претседателот Владимир Путин, за воспоставување сериозен дијалог за прашања поврзани со обезбедувањето на безбедноста на Руската Федерација. Таков дијалог е итно потребен денес, кога односите меѓу Русија и колективниот Запад продолжуваат да се влошуваат и дојдоа до критична точка. Истовремено, во последните денови се множат различни слободни толкувања на нашата позиција. Во врска со ова, сметаме дека е неопходно уште еднаш да го разјасниме следново.
Ескалацијата на конфронтацијата против нашата земја е апсолутно неприфатлива. Како изговор се користи ситуацијата во Украина, во врска со која Западот зазеде курс за поттикнување русофобија, заштитувајќи ги дејствата на режимот во Киев насочени на прекршување на договорите од Минск и за подготовка на сценарио на сила во Донбас.
Наместо да ги смират своите украински штитеници, земјите од НАТО го туркаат Киев кон агресивни чекори. Не може да има алтернативно толкување на зголемениот број непланирани вежби на САД и нивните сојузници во Црно
Море. Авиони на земјите-членки на НАТО, вклучувајќи и стратегиски бомбардери, редовно вршат провокативни прелети и опасни маневри во близината на границите на Русија. Продолжува милитаризацијата на територијата на Украина, испумпувањето на земјата со оружје.
Избран е курсот за вовлекување на Украина во НАТО, како резултат на што ќе се појават таму ударни ракетни системи со минимално време на лет до Централна Русија, како и други дестабилизирачки оружја. Ваквото неодговорно однесување создава неприфатливи закани за нашата безбедност, провоцира сериозни воени ризици за сите инволвирани страни, и вклучувајќи конфликт од големи размери во Европа.
Во исто време, се тврди дека прашањето за хипотетичкото членство на Украина во НАТО се однесува исклучително на Киев и на Алијансата и никој не може да се меша во овој процес. Да потсетиме, сепак, покрај Вашингтонскиот договор, земјите од НАТО имаат обврски и во однос на неделивоста на безбедноста во евроатлантската област, на целиот простор на ОБСЕ. Овој принцип прво беше деклариран во Завршниот акт од Хелсинки, а потоа беше реафирмиран и зајакнат во Париската повелба за Нова Европа од 1990 година, во која се вели: „Безбедноста на секој е нераскинливо поврзана со безбедноста на сите други“. И во 1999 година, на самитот на ОБСЕ во Истанбул, беше усвоена Повелбата за европска безбедност, во која беше истакнато дека државите учеснички „нема да ја зајакнат својата безбедност на сметка на безбедноста на другите држави“.
Сите овие документи беа потпишани од лидерите на земјите-членки на ОБСЕ, вклучувајќи ги и сите земји од НАТО. Меѓутоа, кршејќи го принципот на неделивост на безбедноста – како и кршејќи ги ветувањата дадени на советското раководство – сите овие години НАТО доследно се движеше кон исток, игнорирајќи ги загриженостите изразени од Москва, и секое надополнување на НАТО со нови членки на овој блок му додаваше нескротлив антируски набој.
Долго време го вртевме вниманието на недозволивоста на таквиот развој на настаните. Во изминатите децении повеќе пати беше предложено да се договори принципот на еднаква и неделива безбедност во евроатлантскиот простор да биде правно обврзувачки, бидејќи Западот очигледно не е расположен да ги исполни горенаведените политички обврски. Сепак, секогаш нè одбиваа.
Во таа насока, како што нагласува претседателот Владимир Путин, ние инсистираме на развој – во одреден временски период и врз основа на принципот на еднаква и неделива безбедност – на сериозни долгорочни правни гаранции, кои ќе исклучат какво било натамошно напредување на НАТО кон исток и распоредување системи за оружје, кои ни се закануваат, на западните граници на Русија.
Во фундаменталните интереси на европската безбедност, неопходно е официjално да се отфрли одлуката на самитот на НАТО во Букурешт од 2008 година дека „Украина и Грузија ќе станат членки на НАТО“, што е спротивно на заложбите на лидерите на сите земји-членки на ОБСЕ – „да не ја зајакнуваат нивната безбедност на сметка на безбедноста на другите“.
Инсистираме на правна потврда на договорот за нераспоредување, од страна на САД и другите земји на НАТО, системи за ударно оружје што претставуваат закана за Руската Федерација на територијата на соседните земји, и членки и нечленки на Северноатлантската алијанса.
Ние, исто така, инсистираме да добиеме конкретна реакциjа на НАТО на нашите претходни предлози за намалување на тензиите во Европа, вклучувајќи, особено:
– повлекување на областите на оперативните вежби на договореното растојание од контактната линија Русија – НАТО;
– координација на максималното растојание на приближување на воени бродови и авиони за да се спречат опасните воени активности, пред сè – во балтичките и црноморските региони;
– обновување на редовниот дијалог меѓу министерствата за одбрана во форматите Русија – САД и Русија – НАТО.
Го повикуваме Вашингтон да се приклучи на едностраниот руски мораториум за распоредување копнени ракети со среден и помал дострел во Европа, да се договори и да ги воведе неопходните мерки за верификацијата на исполнувањето на меѓусебните обврски.
Во овие области, Русија наскоро ќе поднесе нацрт-меѓународни правни документи за почеток на преговори во соодветни формати.
Конкретно, ќе дадеме сеопфатен предлог за правните безбедносни гаранции во рамките на подготовка за следната рунда на руско-американскиот дијалог за стратешка стабилност. Ќе се залагаме за предметна дискусија во однос на воените аспекти за обезбедување безбедност преку министерствата за одбрана со учество на министерствата за надворешни работи на Русија и на земјите-членки на НАТО.
Сметаме дека е неопходно дека ОБСЕ, каде што се претставени сите земји од Евроатлантскиот Регион, да не остане настрана од дискусиите за решавање на проблемите на европската безбедност.
Ве повикуваме внимателно да ги разгледате руските предлози и да започнете сериозни преговори за постигнување договори, кои обезбедуваат правична и стабилна рамнотежа на интересите во нашиот заеднички простор.
Со почит, Амбасада на Руската Федерација Скопјe