Постојат многу генерации и ќе постојат уште многу генерации. Генерации што ќе останат забележани во историјата со своите анегдоти, кои беа носени од младоста на генерацијата, но и од нејзината исполнителност. И во мојата – нашата генерација има претседатели, премиери, писатели, професори, министри многу други. Тоа дали тие биле исполнителни или не времето ќе покаже
Ова ќе го споделам само затоа што авторот е моја генерација, генерација каде што нема, и нема – години. Иста генерација во исто време. Така беше, не беше така, не ми е тоа поентата. Но секоја генерација имаше свое добро или лошо време и тоа зависеше од многу нешта. Тркалото на сознанието секогаш оди напред. Тоа одење напред понекогаш дава можност и да се сопнеш. Да, ќе се сопнеш и ќе паднеш, зависи како и зависи зошто. Но и вака и онака пак ќе станеш и пак ќе продолжиш да чекориш.
Земјата и тогаш и сега остана пуста, но чувството на нешто дека е нешто твое макар и пусто да е, му дава нов извор, нова надеж. Нема предавање.
Имаше еден филм, „Однесено со виорот“ („Gone with the Wind“), филм длабоко врежан со меморијата на оној што го гледал. Зошто? Пораката што се изнесе на крајот јасно порача дека нема предавање. Да, беше така како што вели авторот, да, такви се случувањата и сега.
Во секоја генерација, па така и мојата – нашата, имаше НЕКОЈ што беше надвор од колосек – намерно или не, не е важно. Битно е дека имаше и ќе има. Секој има право да го одбере својот пат на личен опстанок, секој има право да биде завидлив. Човечки е, природно е.
Токму деновиве на Јутјуб заедно со моето семејство гледавме една српска серија режирана од Здравко Шотра според романот, новелата (?) на Милован Витезовиќ – „Шеширот на професорот Коста Вујиќ“. Темата е многу проста и едноставна, но и поучителна. Кој има време нека ја погледне.
Пораката беше многу едноставна – постојат многу генерации и ќе постојат уште многу генерации. Генерации што ќе останат забележани во историјата со своите анегдоти, кои беа носени од младоста на генерацијата, но и од нејзината исполнителност. И во мојата – нашата генерација има претседатели, премиери, писатели, професори, министри многу други. Тоа дали тие биле исполнителни или не времето ќе покаже.
И да не должам понатаму и текстот да не биде поголем од оној на авторот ќе завршам – НЕМА ПРЕДАВАЊЕ ЗАШТО СЕКОЈА ГЕНЕРАЦИЈА ИМА СВОЈА НАДЕЖ И ОЧЕКУВАЊА. На крајот од секој тунел има светлина, кој ќе ја дочека и види ќе зборува и пишува.
М-р Александар П. Спасов – магистер по историски науки