Владата, надевајќи се дека ќе ја отстрани и последната пречка за отворање на преговорите со ЕУ, се согласи да го смени името на државата. И, навистина, Грција ја отстрани својата блокада во ЕУ. Сепак, следуваше блокада од Бугарија. А, ако му верувате на Брисел, спорот со Бугарија е единствената пречка. Тешко е да се поверува дека Бугарија навистина би можела да го спречи отворањето на преговорите на ЕУ со Македонија, што е само првиот чекор кон интеграција, доколку немаше тивка согласност од некои други земји. Ако Германија и Франција навистина се грижеа за отворање на овие преговори, тие ќе почнеа. Сега би имало начин Бугарија доброволно да ги отвори преговорите, а во текот на процесот да се решаваат отворените
билатерални прашања. Но ниту еден компромис за 15 години не беше доволен за ЕУ да го исполни ветувањето. Значи, залудна беше жртвата
Претседателот на Владата на Македонија, односно на Северна Македонија (државата беше принудена да го смени и името со надеж дека ќе ги отвори вратите за интеграција во ЕУ), Зоран Заев, поднесе оставка откако неговата партија претрпе тежок пораз на локалните избори. На прв поглед тоа се чини како разумен чин, како доказ за чувство на одговорност за неуспехот, што и не е некоја карактеристика на политичарите на Балканот. Лидерот на партијата е најзаслужен кога се победува, но и најодговорен кога се губи. Меѓутоа, оставката на Заев има значително поширок контекст.
Таа доаѓа во време кога уште еднаш ѝ е блокиран патот кон ЕУ. Овој пат тоа го направи Бугарија, со која се расправаат за идентитетски прашања, вклучувајќи ја и етничката припадност на некои историски личности. На пример, дали Гоце Делчев е македонски или бугарски. Одговорот на ова прашање во моментов е најголемата пречка во процесот на проширување на Европската Унија, не само за Mакедонија туку и за Албанија. Зашто, ако Бугарија ја блокира Македонија, тогаш некои други земји од ЕУ не се согласуваат пристапните преговори да се отворат само со Албанија. И така целиот процес стои.
Иако на локалните избори темите се поврзани со општинските прашања, квалитетот на градинките и училиштата, градскиот превоз, коловозот, осветлувањето на населбите, реставрацијата на канализацијата, грижата за отпадот, во Македонија тие имаа и национална и меѓународна конотација. Реформската влада на Зоран Заев беше обвинета за предавство на националните интереси. Оваа влада, надевајќи се дека ќе ја отстрани и последната пречка за отворање на преговорите со ЕУ, се согласи да го смени името на државата. И, навистина, Грција ја отстрани својата блокада во ЕУ. Сепак, следуваше блокада од Бугарија. А ако му верувате на Брисел, спорот со Бугарија е единствената пречка.
Тешко е да се поверува дека Бугарија навистина би можела да го спречи отворањето на преговорите на ЕУ со Македонија, што е само првиот чекор кон интеграција, доколку немаше тивка согласност од некои други земји. Ако Германија и Франција навистина се грижеа за отворање на овие преговори, тие ќе почнеа. Сега би имало начин Бугарија доброволно да ги отвори преговорите, а во текот на процесот да се решаваат отворените билатерални прашања. Но ниту еден компромис за 15 години не беше доволен за ЕУ да го исполни ветувањето. Значи, залудна беше жртвата што ја даде владата на Зоран Заев. И нема назад, бидејќи старото име на државата веќе не може да се врати, иако на локално ниво некои нови победници најавуваат дека ќе го тргнат името „Северна Македонија“ од документите и ќе ја вратат само „Република Македонија“.
Вака ЕУ ја остави Македонија настрана, не ги исполни очекувањата и не ги исполни не само ветувањата туку и јасните обврски. ЕУ досега изневери и други земји, но ниту една како Македонија. На почетокот на овој век, Македонија беше прва од земјите од регионот на патот кон ЕУ, пред Хрватска. Прва имаше договор за стабилизација и приклучување. И додека Хрватска го заврши тешкиот пат до членството и влезе во ЕУ пред повеќе од осум години, дури и претседаваше, сега Македонија сѐ уште го чека првиот чекор, отворање на преговорите.
Во меѓувреме, Македонија е помината и од други земји. Црна Гора не постоеше ниту како држава кога Македонија го доби кандидатскиот статус, а сега води во процесот на проширување. Србија одамна ја надмина Македонија, а сега тоа може да го направи и Албанија. Зашто, ако не види перспектива за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, ЕУ ќе отвори преговори со Албанија за да не ја кочи со Македонија.
ЕУ веќе два дена не реагира на новонастанатата ситуација. Може да се разбере ставот да не се коментираат резултати од изборите, особено локални. Но оставката на премиерот ја менува целокупната политичка ситуација не само во Македонија туку и пошироко. Прашање е дали сегашната коалиција ќе продолжи да владее со нов премиер или ќе се оди на реконфигурација, а потоа на нови избори.
Избори ќе има и во Бугарија, трети по ред, а по нив тешко дека ќе има решение за спорот со Северна Македонија. Ќе биде уште потешко ако има нови избори во Македонија. Притоа, меѓуетничките односи во Македонија сè уште се чувствителни.
Европската Унија досега побара од Македонија, но и од сите земји-кандидати или потенцијални кандидати, реформи, борба против корупцијата и исполнување други услови. Во меѓувреме, поранешниот македонски премиер Никола Груевски, обвинет за корупција, доби азил во ЕУ, од каде што доаѓа актуелниот комесар за проширување. Има многу апсурди во односите меѓу Европската Унија и Македонија. Но несомнено е дека за евентуални нови тензии во земјата и за политичката нестабилност одговорност има и Европската Унија.
Аугустин Палокај
(Јутарњи лист)