Низ историјата внатрешните поделби секогаш завршувале со катастрофални последици по територијалниот интегритет и националниот идентитет на Македонија и Македонците
Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.
Низ историјата внатрешните поделби секогаш завршувале со катастрофални последици по територијалниот интегритет и националниот идентитет на Македонија и Македонците.
Затоа повикуваме на договор (помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ), кој ќе значи проодност на првата фаза од уставните промени и можност преку нацрт-амандманите и Уставниот закон да се вградат решенија што ќе ги гарантираат националниот македонски идентитет и македонскиот јазик, како и унитарниот карактер на државата и територијалниот идентитет.
Во исклучивоста и повикувањето на народот, во суштина се крие желбата за власт.
Парламентот треба да одлучи дали ќе имаме мир и стабилност или неизвесност, немири и дестабилизација со неизвесен крај.
Ова недела е клучна за иднината на Македонија, затоа сите треба да размислиме и да носиме мудри одлуки.
Просперитетот, мирот и владеење на правото немаат цена.
Демократски сојуз