Неколку историски извори посочуваат дека Античките Македонци не биле Хелени. Меѓу нив се хеленскиот државник Демостен и хеленскиот биограф Плутарх.
Демостен во својот трет говор против македонскиот крал Филип Втори вели: „Филип… не само што не е Хелен, ниту нешто близок со Хелените“.
Во говор за венецот се сретнува и следното искажување на Демостен во кое ги повикува Атињаните да испратат: „пратеници до другите Хелени, и тоа, најпрвин кај Тебанците, бидејќи Филип е најблиску до нивната земја, па да го повикаат, без никаков страв од Филипа, да се борат за својата слобода и за слободата на другите Хелени, а Атињаните, заборавајќи на неправдите… ќе појдат на помош со војска, со пари, со стрели и оружје, бидејќи знаат дека за нив како Хелени, е гордост да се борат меѓусебно за првенство, но да бидат под власт на човек што не припаѓа на нивниот род и тој да им го одземе првенството, недостојно е и за хеленската слава и за доблеста на нивните предци. Освен тоа, атинскиот народ не го смета туѓ тебанскиот народ, ниту по сродство ниту по потекло“.
Во „Напоредни животописи“ најпознатото дело на хеленскиот биограф и есеист Плутарх се сретнува следната констатација: „Најмоќниот од нив, Хефајстион, го подржувал однесувањето на Александар… а од друга страна, Кратер упорно се држел до обичаите на своите прадедовци. Затоа, Александар обично преку првиот се договарал со барбарите, а преку вториот со Хелените и со Македонците…“ Искажувањето на Плутарх е пример за различноста помеѓу Македонците и Хелените. Д.С