Едноставно решение нема, изборот ни е стеснет, а мора да се бараат најдобрите решенија за сите, не само за одредена категорија граѓани или бизниси. Трошокот за горивата го чувствуваме сите, било да се возиме со автомобил или со точак. А на крајот на краиштата, ако не го празниме џебот за гориво, ќе го испразниме за храна, кај која има опасност уште повеќе да поскапе ако продолжи трендот на поскапување на нафтата
Цената на нафтата на светските берзи во последниве месеци е во нагорен тренд, а тоа секако веќе го чувствуваат и македонските граѓани. Постојаниот раст на вредноста на црното злато не само што ги доиспразнува и онака плитките џебови на Македонците, туку им ја влошува и економската состојба на македонските компании. Новите нагорни линии на цената на нафтата први ги чувствуваат транспортерите, кои во трката по клиенти и не смеат драстично да ги менуваат цените на услугите, но ова поскапување значително се одразува и кај другите компании. Само е прашање на време, кога зголемените транспортни трошоци ќе почнат да се вкалкулираат и во цените на производите, особено ако цената на нафтата продолжи да се искачува.
Граѓаните, навидум, имаат повеќе опции како да ги намалат трошоците, барем оние што ги прават за да стигнат до работното место. Значи во случај да решат да ги откажат автомобилите, имаат неколку опции, кои со сигурност ќе придонесат за повитка линија. НА ТОЧАК, НА ТОЧАК, МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ. Има големи придобивки за луѓето што возат точаци, ем ќе се раздвижат, ем ќе го подобрат здравјето, а секако и сите заедно ќе влијаеме за почиста животна средина, односно за почист воздух.
За оние што не сакаат точак, остануваат уште две опции, без автомобил, можат до работното место да пристигнат и со тротинет или, пак, пешки, но има и уште една опција за оние помрзливите или оние што, пак, живеат многу подалеку од местото каде што работат, па можат да ги намалат трошоците со користење јавен превоз. Секако „спортската варијанта“ за оние што ќе одлучат да возат велосипед или да пешачат ќе им донесе една голема благодат, повитка линија, а и подобро здравје, барем така тврдат. Но, мора да имаме на ум дека намалувањето на трошоците за оние што ќе одберат спортска варијанта ќе трае само неколку месеци, па во доцна или во рана есен, зависно од временските услови, ќе мора да најдат ново решение како да патуваат до работа.
Новите нагорни линии на цената на нафтата први ги чувствуваат транспортерите, кои во трката по клиенти и не смеат драстично да ги менуваат цените на услугите, но ова поскапување значително се одразува и кај другите компании. Само е прашање на време, кога зголемените транспортни трошоци ќе почнат да се вкалкулираат и во цените на производите, особено ако цената на нафтата продолжи да се искачува
Од друга страна, треба да се има на ум и нашето долго топло изгор лето, па на 40 степени Целзиусови тешко дека сите ќе можат да користат велосипед до работното место, особено ако истото тоа е пооддалечено од местото на живеење.
Но ако граѓаните можат да најадат некакво решение и да ги заменат автомобилите како превозно средства, компаниите тешко дека ќе го постигнат истото тоа. Како бизнисот да ги намали трошоците, особено оние што често мора да користат транспорт за реализација на својата дејност? Не верувам дека челикот или, пак, сирењето може да се транспортираат со точак.
Ајде шегата настрана, ама Македонија како земја-увозник на нафтата и нема голем избор. Или сепак има…?
Со воведувањето на акцизата на нафтата повеќе пари влегуваат во државниот буџет, средства што можеби поединечно не изгледаат како големи, но доколку продолжи трендот на поскапување на нафтата, секако дека тоа ќе има големо значење и за секој поединечен корисник.
Од друга страна, иако долго се зборува, Македонија сѐ уште нема воведено државни резерви на нафта, кои би помогнале при нагли поскапувања на црното злато.
Исто така, никако не смееме да заборавиме дека новиот бран поскапувања на нафтата значително ја поскапува и работата на земјоделците. Огромни средства од нивниот буџет се одвојуваат само за обработка на земјата со разна земјоделска механизација за која секако се неопходни нафтени деривати, а тие денес чинат многу, и значително го поскапуваат производството. Високите трошоци ги демотивираат земјоделците, па сами кажуваат дека многумина се откажуваат од обработка на земјата, бидејќи е неисплатливо да си земјоделец. Поради ниските откупни цени секоја година имаме поплаки од различни групи земјоделци, а сѐ почесто многумина од нив велат дека ќе го напуштат земјоделството, па дури и државата во потрага по финансии.
Иако Владата увиде дека на земјоделците им е неопходна помош, па вети поевтина нафта за поддршка на земјоделците, тие сѐ уште не ја добиваат.
Предлог-измените на законот со кој ќе можат земјоделците да аплицираат за поевтина нафта заглавија во Собрание. Некои од земјоделците се надеваа дека поевтина нафта ќе искористат уште за пролетната сеидба, ама… Сеидбата заврши, ама земјоделците ја изораа земјата со старата цена на нафтата, онаа високата. Земјоделците попуст за нафта за обработка на земјата сѐ уште не добија, а не се знае ниту од кога ќе може да користат нафта со пониски цени.
Па сега, кои опции ги имаат земјоделците, ако сакаат да ги намалат трошоците за обработка на земјата. Доколку се решат да ја баталат современата земјоделска механизација како што се тракторите, ќе мора да ораат на стариот добар начин, со коњи. Ама дали сите имаат коњи за влечна сила? Или најдобро да се фатат за мотиките, ралата и копачите и рачно да ги прекопуваат нивите. Така ќе им биде најевтино. Воопшто нема да им требаат пари за нафта. Е сега, количински колку ќе извадат е друго прашање, ама битно квалитет ќе имаме… и пониски откупни цени, нели бидејќи намалени трошоци, ама за извоз тешко дека ќе произведат. Плус, ако ја баталат земјоделската механизација, нели ќе требаат и повеќе аргати, поголем број луѓе за да се прекопа земјата, па тука и ќе имаме повеќе вработени граѓани. Или, сепак, не?
Едноставно решение нема, изборот ни е стеснет, а мора да се бараат најдобрите решенија за сите, не само за одредена категорија граѓани или бизниси. Трошокот за горива го чувствуваме сите, било да се возиме со автомобил или со точак. А на крајот на краиштата, ако не го празниме џебот за гориво, ќе го испразниме за храна, која има опасност уште повеќе да поскапе ако продолжи трендот на поскапување на нафтата. И сега голем дел од доходот, скоро 40 отсто од примањата на семејствата, се трошат на храна, што ќе биде ако цените на прехранбените продукти добијат нагорна линија?
Решенија мора да се бараат. Едно од многуте е зелената нафта што поскоро да стигне до земјоделците, а има и други.