Податокот дека цената на електричната енергија во земјава, на пример, е една од најниските во регионот не е некаква утеха за нашите сограѓани, бидејќи и платите им се меѓу најниските. Но никој од надлежните не го споменува тоа при објаснувањата дека со обврските што ги презела нашата земја во рамките на третиот енергетски пакет на ЕУ, со кои пазарот на електрична енергија се либерализира, очекувано е постепено секоја година да има раст и на цената на струјата во Македонија
Намирувањето на сметките за струја, вода, греење… е втората ноќна мора за граѓаните, веднаш по покривањето на основните прехранбени потреби. Се разбира, не за сите. И не за сите еднакво.
Иако преку државните статистичка институција се информира дека просечната плата во Македонија расте, сепак, останува фактот дека повеќето од граѓаните работат за минимална плата, која одвај е доволна за покривање на основните потреби, како што е храната. За задоволување на другите потреби тешко дека остануваа понекој денар.
Податокот дека цената на електричната енергија во земјава, на пример, е една од најниските во регионот не е некаква утеха за нашите сограѓани, бидејќи и платите им се меѓу најниските. Но никој од надлежните не го споменува тоа при објаснувањата дека со обврските што ги презела нашата земја во рамките на третиот енергетски пакет на ЕУ, со кои пазарот на електрична енергија се либерализира, очекувано е постепено секоја година да има раст и на цената на струјата во Македонија.
Фамилии со плата од 12 илјади денари, па и со две толкави плати, тешко дека можат да ги намират сите обврски за домашните потреби, особено ако притоа имаат и по две малолетни деца, на кои покрај храната треба да им се обезбедат и облека, школување… Сите статистики укажуваат на фактот дека најранливи се токму овие категории граѓани, двајца родители со малолетни деца, поточно со издржувани деца.
Синдикалната кошница што ги опфаќа само основните потреби на граѓаните за домовите одамна го надмина прагот од 30 илјади денари…. Имено за декември 2018 година синдикалната минимална кошница изнесувала 32.671 денар, а во неа биле опфатени трошоци за исхрана, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, култура и одржување на здравјето. Притоа податоците укажуваат дека повеќето од парите одат на храна и домување поточно на комуналии. За храна се трошат 13.513 денари, додека за домување, каде што влегуваат комуналните трошоци се трошат 10.437 денари.
Освен „ниските цени“ на производите и на услугите, постои уште една голема илузија што им се сервира на граѓаните. Имено, честопати се укажува на тоа дека во Македонија потрошувачката на струја е меѓу поголемите, дека во другите земји низ Европа, особено во високоразвиените, каде што цените се драстично поголеми, потрошувачката на овој енергент е многу помала. Иако многумина посочуваат дека тоа можеби е главна причина за помала потрошувачка на струјата, истите тие „забораваат“ на податокот дека европските земји имаат обезбедено и други енергенти за своите граѓани, како гасот, на пример
Па ако пак се вратиме на луѓето чии плати се 12 илјади денари месечно, мора да сме свесни дека нивните плати одвај им стигнуваат само за храната. Токму на овие сограѓани најголем проблем им останува намирувањето на комуналните обврски, особено поради фактот што без нив и нема нормален живот.
Иако има заложби на Владата и на бизнис-заедницата за раст на минималните плати, сепак, процесот на терен се одвива отежнато и секогаш побавно од растот на цените. Надлежните треба да има на ум дека секој нов бран поскапувања, не само што се одразува врз џебот на граѓаните, туку сѐ повеќе се одразува и врз нивното здравје поради континуираниот пад на квалитетот на животот.
Освен „ниските цени“ на производите и на услугите, постои уште една голема илузија што им се сервира на граѓаните. Имено, честопати се укажува на тоа дека во Македонија потрошувачката на струја е меѓу поголемите, дека во другите земји низ Европа, особено во високоразвиените, каде што цените се драстично поголеми, потрошувачката на овој енергент е многу помала. Иако многумина посочуваат дека тоа можеби е главна причина за помала потрошувачка на струјата, истите тие „забораваат“ на податокот дека европските земји имаат обезбедено и други енергенти за своите граѓани, како гасот, на пример. Сите тие имаа развиени гасоводни системи, и гасот е енергент што е присутен во секој дом, па така европските граѓани, освен струјата, го трошат и гасот за потребите на своите домаќинства. Нашата земја сѐ уште зависи само од еден извор на гас, а притоа гасоводната мрежа воопшто не е раширена и не е достапна за приклучок на граѓаните.
Токму овој факт, поевтин енергент достапен за европските граѓани, кои се со далеку повисоки плати од македонските, треба да го имаат на ум домашните институции при секоја одлука поврзана со цената на електричната енергија. Најлесно е да се каже дека поскапувањето е неминовен процес. Мора да се има на ум дека енергијата е неопходен ресурс во секој дом, и дека без конкуренција, само уште повеќе се зголемува сиромаштијата кај граѓаните, кои ќе мора да одвојат и од парчето леб само за да ги платат сметките за струја, особено ако таа добие нагорна линија како што се очекува во следниве години. Поентата на гасификацијата е граѓаните да добијат конкурентен производ што ќе им ги намали домашните издатоци, без притоа да се намали квалитетот на животот.
Од друга страна, и граѓаните секогаш треба да имаат на ум, дека секој енергент треба да се користи рационално и во согласност со вистинските потреби на домаќинствата, особено треба да се свесни дека нашата земја нема голем извор на енергенти. Јагленот е единствен фосил што го имаме во земјата, но резервите се трошат, а треба да остане нешто и за следните генерации.