Не беше забележано дека некој ја пресметал просечната телесна температура на пратениците на денот на таканареченото конституирање на Собранието. Имено, така го нарекоа збиднувањето на кое пратениците се собраа во салата и ја изгласаа Верификациската комисија, а таа пак им ги верификува мандатите. И се разотидоа. Не го ни отворија деловникот, во кој пишува дека за конституирање на парламентот, освен тоа, е потребно да се избере и претседател на Собранието, како и комисија за прашања на изборите и именувањата. За тоа и така ќе се решава надвор од парламентот. И толку од најавите за изградба на независен и одговорен законодавен дом, срцевината на демократијата
Недоконституираниот парламент како резултат на завчерашната претстава во големата собраниска купола и потврда на длабоката криза на парламентарната практика што веќе подолго време е присутна во земјава, по сѐ изгледа, нема да биде забележано како ничиј пропуст или неуспех, зашто на изборите, нели, сите победија и сега само прашање на денови е кога ќе биде формирана влада и, се разбира, кој ќе даде премиер.
А тоа што беше исполнет само еден од трите еднакво битни услови за конституирање на парламентот веројатно е ситница, небитен детаљ во морето на важни информации, какви што се декорот во новата сала, старо-новите препукувања помеѓу партиските лидери, проблемот со паркирањето на тротинетите и велосипедите на пратениците и, се разбира, антикорона-протоколите. Секако, како мошне битни во моментов, вредеше да се изнаредат и бројките за партиската, националната, старосната, половата, образовната и каква сѐ не уште структура на новиот состав на парламентот. Не беше забележано дека некој ја пресметал просечната телесна температура на пратениците на денот на таканареченото конституирање на Собранието.
Имено, така го нарекоа збиднувањето на кое пратениците се собраа во салата и ја изгласаа Верификациската комисија, а таа пак им ги верификува мандатите. И се разотидоа. Не го ни отворија деловникот, во кој пишува дека за конституирање на парламентот, освен тоа, е потребно да се избере и претседател на Собранието, како и комисија за прашања на изборите и именувањата. За тоа и така ќе се решава надвор од парламентот. И толку од најавите за изградба на независен и одговорен законодавен дом, срцевината на демократијата.
До формалното заокружување на процесот на конституирањето ќе поминат уште многу денови, можеби и недели. Суштинското веројатно нема да го дочекаме ниту со овој состав, без оглед на завчерашниот демонстриран дисперзивен оптимизам на парламентарците. Јасно дека како и на секој почеток одредена доза оптимизам е сосема очекувана, па дури и добредојдена, но тешко е да се каже колку таа е и оправдана во ситуација во која дури ниту првата задача не е завршена и кога на повеќето од народните избраници како да сѐ уште не им е јасна нивната мисија. Тоа, патем, ќе им го објаснат во централите, кога ќе треба да се гласа.
Во меѓувреме ќе се одвива пазарењето за ново парламентарно мнозинство, при што, по сѐ изгледа, се можни дури и невозможни трансфери и коалиции. Но ситуацијата го налага тоа. Бројките се крајно неповолни дури и за сите оние што мислат дека се победници.
До формалното заокружување на процесот на конституирањето ќе поминат уште многу денови, можеби и недели. Суштинското веројатно нема да го дочекаме ниту со овој состав, без оглед на завчерашниот демонстриран дисперзивен оптимизам на парламентарците. Јасно дека како и на секој почеток одредена доза оптимизам е сосема очекувана, па дури и добредојдена, но тешко е да се каже колку таа е и оправдана во ситуација во која дури ниту првата задача не е завршена и кога на повеќето од народните избраници како да сѐ уште не им е јасна нивната мисија. Тоа, патем, ќе им го објаснат во централите, кога ќе треба да се гласа
Коалицијата предводена од СДСМ, на пример, ќе треба да направи многу компромиси за да состави влада од една страна, а од друга не успеа да го реализира ветувањето до своите гласачи дека на изборите ќе постигне резултат доволен за убедливо парламентарно мнозинство и за формирање функционална влада, поради што, впрочем, и реши да оди на предвремените парламентарни избори. Моменталната позиција на СДСМ, според тоа, е многу полоша отколку по претходните избори, а и меѓународната поддршка не е толку очигледна. ВМРО-ДПМНЕ и неговите сојузници не ги добија изборите, како што се обврзаа пред своите гласачи, а ако сакаат да формираат влада, ќе треба да го направат сето она што го правеа СДСМ и екипата, па можеби и многу повеќе. Како ќе го оправдаат тоа пред своите гласачи? ДУИ, пак, со мошне вешт маневар ги натера луѓето да излезат на изборите, поточно да гласаат за или против премиер Албанец. И тоа може да го книжи како единствениот успех на овие избори, зашто без оваа јадица одзивот ќе беше уште понизок. Петнаесетте добиени пратенички мандати сега ѝ се само товар, зашто многу обврзуваат пред гласачите, а малку имаат шанси да ја наметнат својата волја при донесувањето клучни одлуки, вклучително и при определувањето на националната припадност на идниот премиер. Тоа особено бидејќи и другите партии на Албанците, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива, имаат речиси еднакво респектабилен број на пратенички мандати – 12. Преостанатото е за поткусурување.
Но како што е веќе речено, дури и со таквите бројки и познавајќи им го табиетот на тие што ги носат одлуките, е можно и она што, за тие што сѐ уште веруваат во некаква принципиелност, е невозможно. А колку ќе функционира сето тоа? Доволно за на одреден број партиски послушници да им обезбеди солидни, па дури и екстра-приходи и на некои центри на моќта да им ги трасира патиштата за повеќе или помалку легални, но мошне профитабилни бизниси во наредните неколку години. А функционалните институции?! Тоа е прашање што повторно ќе биде отворено пред некои наредни избори.