Недообјаснетиот договор со Грција, енигмите околу уставните измени со кои треба да се потврди договорот, сложеното референдумско прашање, неизвесната евроатлантска перспектива, недефинираните позиции на некои од учесниците во кампањата, променливите политики на одделни држави, нивните меѓусебни партнерски и воопшто геостратегиски интереси се само некои од елементите што придонесоа одговорите на сите прашања, сосема логично, да започнуваат со „можеби“. Се разбира, доколку сакаме да бидеме искрени. Неискрените се категорични и децидни, тие сѐ знаат. А ги има, на сите страни. Се расфрлаат со лесни мисли и тешки зборови, како да се пердуви, а не куршуми истрелани кон иднината. А токму иднината, каква и да е, е еден од ретките поими со кои без никакви задршки манипулираат сите инволвирани страни. Како да се видовити
Силниот северен ветар во изминативе неколку дена, на крајот од предреферендумската кампања, освен лесни мисли и тешки зборови, крена огромни облаци од прашина и разнесе многу ѓубре наоколу. Можеби сето тоа ќе беше доживеано како само уште еден природен феномен ако не беа мерните станици, кои покажуваа и за десетици пати поголемо загадување на воздухот од дозволеното. Беа отчитувани зачудувачки бројки, иако грејната сезона сѐ уште не започнала, а и пиперот е скап, па многумина се откажаа од правењето ајвар. Вистина, предреферендумската кампања не ги попречи оние што набрзина сакаат да се ослободат од разни видови отпад, па речиси секојдневно на повеќе локации можат да се видат столбови од црн чад, кои како да стануваат некаков вид на визуелна комуникација, сличен на тој што во Америка некогаш одамна го користеле Индијанците, а кој сѐ уште е неразбирлива порака за овдешните комунални и екоинспектори. Ветриштата, за среќа, не ги разгореа во поголеми огнови како некаде.
Не им годеа многу ниту на лесните мисли и на тешките зборови изречени во кампањава. Останаа сплеткани во витлите. Како уште еден доказ за надмоќта на природата над човечката глупост, можеби.
А токму овој модален збор „можеби“, иако воопшто не беше користен, како да се надвиснуваше над целата кампања. Недообјаснетиот договор со Грција, енигмите околу уставните измени со кои треба да се потврди договорот, сложеното референдумско прашање, неизвесната евроатлантска перспектива, недефинираните позиции на некои од учесниците во кампањата, променливите политики на одделни држави, нивните меѓусебни партнерски и воопшто геостратегиски интереси се само некои од елементите што придонесоа одговорите на сите прашања, сосема логично, да започнуваат со „можеби“. Се разбира, доколку сакаме да бидеме искрени. Неискрените се категорични и децидни, тие сѐ знаат. А ги има, на сите страни. Се расфрлуваат со лесни мисли и тешки зборови, како да се пердуви, а не куршуми истрелани кон иднината. А токму иднината, каква и да е, е еден од ретките поими со кои без никакви задршки манипулираат сите инволвирани страни. Како да се видовити.
Повеќето други зборови и фрази што се користеа во кампањата во функција на претераните ветувања, заплашувања, клетви, лаги и клевети, пак, имаат одредена препознатлива боја, со која се обележени како точки од различните страни на вербалните фронтови.
И за разлика од времето кога зборот шунд го означуваше само новонастанатиот музички жанр, кој на овие простори беше наречен „турбофолк“, неговите мутанти од естрадните содржини во медиумите се рашетаа низ културниот, научниот, религискиот, а со тоа и низ политичкиот простор, арогантно настојувајќи да креираат сосема нова општествена свест. Препознатливи се и по театралноста со која настојуваат на лесен начин да ги избришат сѐ понејасните контури на реалното.
Шундот на голема врата влезе во кампањите и се наметна како легален начин на политичката комуникација. Моќта на социјалните мрежи само го засили ефектот, така што на повеќето граѓани и не им е јасно за што треба или не треба да гласаат и воопшто не се информирани за содржината на договорот со Грција. Но затоа видоа до каде сѐ може да се оди и со ветувањата и со заплашувањата и научија многу нови пцости, клетви и клевети. Откога сето ова ќе стивне, не ќе биде лошо истите актери да се повикаат јавно да ги објаснат своите сегашни прогнози и ставови
Со микрофон рашетаниот премиер Зоран Заев, клекнатиот лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, инаетливиот шеф на државата Ѓорге Иванов така, свесно или несвесно, станаа репрезенти на различни, повеќе или помалку, спротивставени интереси, меѓу кои, и поради начинот на кои се претставени, навистина е тешко да се препознае совпаѓање со општиот интерес. Уште повеќе поради тоа што шундот, со или без нивна дозвола, на голема врата влезе во кампањите и се наметна како легален начин на политичката комуникација. Моќта на социјалните мрежи само го засили ефектот, така што на повеќето граѓани и не им е јасно за што треба или не треба да гласаат и воопшто не се информирани за содржината на договорот со Грција. Но затоа видоа до каде сѐ може да се оди и со ветувањата и со заплашувањата и научија многу нови пцости, клетви и клевети. Откога сето ова ќе стивне, не ќе биде лошо истите актери да се повикаат јавно да ги објаснат своите сегашни прогнози и ставови. Не само за да ги оправдаат парите потрошени во кампањите туку и за да се запре со оваа високотоксична практика.