А кога веќе сме кај толеранцијата, треба да се знае дека исто како што се толерира правото на либералите да ја заговараат слободата на сексуалната ориентација, треба да се толерира и правото на оние помалку либерални, па дури и на конзервативците да ги заштитат своите малолетни деца од заговорниците на премногу таква слобода.
Инаку, ќе се лизнеме назад, во едноумието од кое, со огромни жртви и трауми,
само што излеговме
Додека минатиот викенд во центарот на Скопје се парадираше за правата на ЛГБТ-заедница, добар дел од јавноста во земјава, веројатно исто како и на остатокот од европскиот континент, сѐ уште ги процесираше информациите за минатонеделната, наводно жестока, дебата помеѓу челниците на членките на Европската Унија. Станува збор за дебатата околу едно сосема „приватно“ прашање на Унгарија, како што, според некои објаснувања, е новиот закон со кој се оневозможува прикажување и промовирање материјали со лезбиски, хомосексуални, бисексуални и трансродови содржини насекаде во јавноста каде што тие би можеле да им бидат достапни на лицата помлади од 18 години, пред сѐ во училиштата. Можеби и повеќе отколку околу горливите проблеми поврзани со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата, со климатските промени, со нелегалните миграции…, претставниците на членките на Унијата се поделија токму околу посочената ситуација во Унгарија.
Тие од, условно речено, постарите членки на Унијата, сосема очекувано, оценија дека со тоа се кршат правата на припадниците на сексуалните малцинства, додека оние од „поновите членки“ застанаа во одбрана на правото на родителите да ги воспитуваат своите деца според традиционалните вредности и да ги заштитат од споменатите содржини. Работите отидоа дотаму што на Унгарија ѝ беше порачано и оти би требало да ја напушти Унијата доколку не е подготвена да ги почитува нејзините вредности, на што унгарскиот претседател Виктор Орбан одговорил дека не ни помислува да го стори тоа и дека ќе остане за да ја зачува Унијата од „лицемерството“.
А кои се тие темелни европски вредности, се запрашаа, веројатно, веќе многумина, и тоа којзнае по кој пат откога иницијативите за заштита на правата на одредени малцинства, во несфатливи пресврти, почнаа да прераснуваат во повеќе или помалку успешни обиди, нивната волја да им се наметне на мнозинствата. Освен тоа, се поставува и прашањето дали луѓето се разликуваат само според сексуалната ориентација или има тука и огромни, на пример, идеолошки шареноликости, како на ниво на Европската Унија така и на националните нивоа. И дали и тие треба да се толерираат?
Премногу либерализам во однос на сексуалноста, па дури и кога тој, на пример, е „залеан“ со завидни грантови и кога оние што барем формално се нарекуваат конзервативци, од страв да не им се залепи етикетата оти се назадни, воопшто не застануваат во одбрана на правото на негување на таканаречените семејни вредности, во некои средини едноставно не вирее. Најпросто кажано, со сила, работата на бидува. Треба ли тогаш правото на промовирање на слободата на сексуалното определување уште и официјално да се форсира од страна на Брисел или треба само да му се остави на времето да го направи своето, како што впрочем и било речено на состанокот во едно од објаснувањата зошто поновите членки на Унијата, населени со претежно словенски, потрадиционални народи, го поддржуваат или барем имаат разбирање за ставот на дежурниот непослушник Орбан.
А кои се тие темелни европски вредности, се запрашаа, веројатно, веќе многумина, и тоа којзнае по кој пат откога иницијативите за заштита на правата на одредени малцинства, во несфатливи пресврти, почнаа да прераснуваат во повеќе или помалку успешни обиди, нивната волја да им се наметне на мнозинствата. Освен тоа, се поставува и прашањето дали луѓето се разликуваат само според сексуалната ориентација или има тука и огромни, на пример, идеолошки шареноликости, како на ниво на Европската Унија така и на националните нивоа. И дали и тие треба да се толерираат?
Конечно, иако некои оценија дека сето тоа, во овие кризни услови, била сосема непотребна, па дури и свесно наметната дебата заради дефокусирање од поголемите проблеми, добро за јавноста во Македонија, се разбира за оној нејзин дел што успеа да се заинтересира, е тоа што можеше да се види оти, без оглед на можниот тек и исход на дебатата, никој не треба се воздржува од тоа јасно да го дефинира својот став без страв дека би можел да биде обележан како нелиберален, конзервативен, па дури и нетолерантен или назаден.
А кога веќе сме кај толеранцијата, треба да се знае дека исто како што се толерира правото на либералите да ја заговараат слободата на сексуалната ориентација, треба да се толерира и правото на оние помалку либерални, па дури и на конзервативците да ги заштитат своите малолетни деца од заговорниците на премногу таква слобода. Инаку, ќе се лизнеме назад, во едноумието од кое, со огромни жртви и трауми, само што излеговме. „Полибералните“ членки на Унијата го немаат тоа искуство и можеби токму ова и на него сличните прашања би можеле да послужат како добра лекција што Истокот, ако правилно му пристапи на проблемот, ќе му ја одржи на Западот на Европа.