Повеќедецениските напори, очекувања и надежи, но и фрустрации и разочарувања, само за неколку недели избледеа како износени гаќи предолго оставени да се сушат на летното сонце, поради една подмикроскопска честичка, која побрзо од која било идеја за европско заедништво и поразорно од кое било оружје на најмоќната и најдолговечна воена алијанса го покори светот, го клекна на голи коленици, со длабоко наведната глава
Еднаш, кога ќе го процесираме сето ова што ни се случува деновиве, во сеќавањата на најавите и насловите во медиумите, веројатно некаде ќе ни останат заглавени и вестите дека Македонија станала дел од НАТО и дека членките на ЕУ конечно се согласиле да ги почнат пристапните преговори. Ќе сфатиме дека она што до пред извесно време беше врвен државен приоритет и главен ориентир при креирањето на сите државни политики, наеднаш станало споредна вест.
Повеќедецениските напори, очекувања и надежи, но и фрустрации и разочарувања, само за неколку недели избледеа како износени гаќи предолго оставени да се сушат на летното сонце, поради една подмикроскопска честичка, која побрзо од која било идеја за европско заедништво и поразорно од кое било оружје на најмоќната и најдолговечна воена алијанса го покори светот, го клекна на голи коленици, со длабоко наведната глава.
Искрено се надеваме дека нема така и да остане, дека светот ќе се крене на нозе и ќе ја надмине и оваа криза со минимални човечки и материјални загуби и, се разбира, збогатен со нови искуства и знаења. Дотогаш ни останува само, со што повеќе храброст и истрајност, да се обидуваме да ги следиме настаните и бројките, кои се менуваат со молскавична брзина и кои токму затоа, но и од некои други, субјективни и објективни причини, повеќето од нас не успеваат реално да ги согледаат и да ги анализираат.
И за разлика од секогаш будните, дежурни, аналитичари и експерти од општа практика, кои за сѐ имаат објаснувања, теории и одговори, дури и кога не располагаат ниту со елементарни информации, оние повоздржаните и поодговорни, засега, наместо со креирање теории, се занимаваат со феномени. Па така, во целава какофонија, сепак може да се слушнат и размислувања за солидарноста и за себичноста, на пример. Тоа се двата опоненти во човековото однесување што токму во вакви кризни ситуации доаѓаат до израз со огромен потенцијал да ги досегнат своите крајни граници.
Но, гледано од овдешната перспектива, уште поинтересно е да се осознае колку сѐ е релативно. Не само што довчерашниот врвен државен приоритет и приоритет на не мал дел од нејзините граѓани – евроатлантската интеграција на земјава, стана речиси неважна вест, туку и сите придобивки што ги навестуваше членството во ЕУ и во НАТО како целосно да го загубија своето значење во овие услови. Дури и како контрапродуктивни би можеле да се оквалификуваат придобивките какви што се либерализацијата на визниот режим и отворањето на границите за македонските граѓани во услови на ширење на смртоносниот вирус. Па, така, со право може да се постави прашањето дали изолацијата и карантинот на македонските граѓани им паѓаат потешко сега отколку што им паѓаа до пред извесно време, кога речиси никаде не можеа да одат без тешко стекнатите визи во своите пасоши.
Состојбата е вонредна, ненормална, и вообичаениот вредносен систем сега, едноставно, не функционира. И токму затоа, не само смешно туку и крајно невкусно и неодговорно изгледаат тврдењата дека опозицијата во земјава се обидува да ги маргинализира „заслугите“ на актуелната влада за тоа што Македонија во една недела станала членка на НАТО и се „изборила“ за почеток на преговори со ЕУ, исто како и тие дека некои луѓе од власта настојуваат да го наметнат тоа како тема додека сите, вклучувајќи ги и најсилните членки на ЕУ и на НАТО, сѐ уште се во дефанзива пред коронавирусот
Или дали, на пример, на до неодамна континуираниот подем на бројот на странските туристи во земјава, и од оваа перспектива може да се гледа како на позитивен тренд?
Сега, сето тоа, според некои, се враќа како бумеранг, па истите тие дури и сеирџиски и крајно пакосно ги коментираат ситуациите во кои луѓето, од разни причини и под различни околности, се најдоа заглавени насекаде низ светот и истоштени и исплашени бараат помош да се вратат дома. Ситуацијата во која се најдоа тие, и за нив, како впрочем и за целиот свет, е неочекувана, ненормална. И токму затоа на тие луѓе не треба да им се суди, исто како ни на оние што останаа дома, но со дивеењето низ супермаркетите или со одбегнувањето на своите обврски со изговор дека се штитат од вирусот, покажуваат речиси иста себичност како и оние што, свесни дека се потенцијално заразени или го пренесуваат вирусот, сепак, шетаат низ улиците. Состојбата е вонредна, ненормална, и вообичаениот вредносен систем сега, едноставно, не функционира.
И токму затоа, не само смешно туку и крајно невкусно и неодговорно изгледаат тврдењата дека опозицијата во земјава се обидува да ги маргинализира „заслугите“ на актуелната влада за тоа што Македонија во една недела станала членка на НАТО и се „изборила“ за почеток на преговори со ЕУ, исто како и тие дека некои луѓе од власта настојуваат да го наметнат тоа како тема додека сите, вклучувајќи ги и најсилните членки на ЕУ и на НАТО, сѐ уште се во дефанзива пред коронавирусот.