Иако во текот на минатата година остварила мало подобрување во оваа област, Македонија и натаму се наоѓа во категоријата „делумно слободни“ држави. И така веќе 20 години, откако беше ставена под мониторинг на „Фридом хаус“. Оправдување за таквата позиција не треба да се бара во фактот што во најновиот извештај е потенцирано дека, генерално, демократиите се загрозени во повеќето земји низ светот, како ниту во објаснувањата што следуваа потоа – дека актуелната власт немала доволно време за значително подобрување на состојбата. Ако претставниците на власта немале време да поработат на подобрување, не требаше да го трошат ниту на бетонирање на позицијата наследена од, меѓу другото и токму поради тоа, жестоко критизираните претходници
Веројатно е невозможно да се направи градација или да се одбере соодветен антоним на зборот „слобода“ доколку буквално не се следи логиката според која независната меѓународна набљудувачка организација „Фридом хаус“ со години, меѓу другото, врши категоризација на државите низ светот според степенот на основните слободи што ги уживаат нивните граѓани, карактеризирајќи ги притоа како „слободни“, „делумно слободни“ и „неслободни“. Ако „слобода“ се сфаќа како непостоење на никакви ограничувања, тогаш сѐ што значи помалку од тоа, не е некаква слобода туку произволно толкување на одредена состојба. Но тоа веројатно е тема со која би требало да се позанимаваат еднакво лингвистите и филозофите. Во одредени случаи, можеби, и психолозите. Тоа се сложени науки. За разлика од дневното новинарство, кое има за цел да ги поедностави нештата и, ставени во одреден контекст, да ѝ ги презентира на јавноста, заедно со одредени авторски забелешки. И, се разбира, занимавајќи се притоа многу повеќе со состојбата во сопствената отколку во другите држави, што овој пат, беше навистина ретка појава, барем кога станува збор за Македонија.
А како актуелната власт потроши половина од својот мандат кога станува збор за заштитата на основните слободи? Пред сѐ на промовирање мерки во функција на создавање привид за јакнење на демократските стандарди и забрзување на демократските процеси, од една страна. А од друга страна, на цел сет популистички мерки во областа на социјалата и економијата, кои ги дискриминираат физичките и правните лица по разни основи, со постигнувањето политички договори и нивното насилно воведување во правната практика, што граѓаните ги става во нерамноправна позиција пред судовите, со упорното опстојување на изборниот модел што ги привилегира големите политички партии и не им овозможува на сите граѓани еднакво да влијаат врз конечниот исход од изборите, со нееднаков пристап до вработувањето, образованието, здравствената заштита… Конечно, со ускратеното право на здрава животна средина
А Македонија, иако во текот на минатата година остварила мало подобрување во оваа област, и натаму се наоѓа во категоријата „делумно слободни“ држави. И така веќе 20 години, откако беше ставена под мониторинг на „Фридом хаус“. Оправдување за таквата позиција не треба да се бара во фактот што во најновиот извештај е потенцирано дека, генерално, демократиите се загрозени во повеќето земји низ светот, како ниту во објаснувањата што следуваа потоа – дека актуелната власт немала доволно време за значително подобрување на состојбата. Ако претставниците на власта немале време да поработат на подобрување, не требаше да го трошат ниту на бетонирање на позицијата наследена од, меѓу другото и токму поради тоа, жестоко критизираните претходници.
А слободите не произлегуваат само од нечии желби и уверувања, туку пред сѐ од заштитените човекови права и од доследно почитување на принципот на еднаквост. Во спротивно, така како што се поставени веќе наброените работи, без никаква задршка може да се зборува за тероризирање на умот на поголемиот дел од граѓаните, што, пак, е далеку од слобода, според чии било критериуми.А како актуелната власт потроши половина од својот мандат кога станува збор за заштитата на основните слободи? Пред сѐ на промовирање мерки во функција на создавање привид за јакнење на демократските стандарди и забрзување на демократските процеси, од една страна. А од друга страна, на цел сет популистички мерки во областа на социјалата и економијата, кои ги дискриминираат физичките и правните лица по разни основи, со постигнувањето политички договори и нивното насилно воведување во правната практика, што граѓаните ги става во нерамноправна позиција пред судовите, со упорното опстојување на изборниот модел што ги привилегира големите политички партии и не им овозможува на сите граѓани еднакво да влијаат врз конечниот исход од изборите, со нееднаков пристап до вработувањето, образованието, здравствената заштита… Конечно, со ускратеното право на здрава животна средина, како едно од фундаменталните човекови права.