Во сите овие изминати години владејачките партии, без исклучок во секоја од земјите во регионот, избегнуваа да се соочат со најголемиот проблем што ја нагризува иднината на сите граѓани. Како една од „невидливите“ појави е проблемот со високата корупција и со неефикасниот правосуден систем. Со години од сите владејачки партии се обидуваат да ги поттурнат овие прашања, кои ги засегаат сите граѓани еднакво
Уметничкиот перформанс со простирање тепих на градските плоштади во урбани центри на едноставен начин го објаснува овдешниот менталитет, вграден кај луѓето да замижуваат пред секојдневните проблеми и нивното решавање да го остават за некое идно време. Намерата на уметничката Јелена Топиќ од Приједор, која го спроведе проектот „Ставање под тепих“, беше да им даде можност на граѓаните да проговорат за своите стравови и проблеми и нив да ги запишат на хартија и да ги стават под тепих. Идејата за овој уметнички експеримент е да се поттикнат луѓето да се соочат со тешкотиите во животот и да не ги затвораат очите пред своите проблеми, туку да се соочат со нив за да можат полесно и побрзо да ги пребродат.
Доколку овој социјален експеримент се прошири и меѓу носителите на власта во земјите од регионот, би се добиле слични „симптоми“, како и кај обичните граѓани, кои во сопствената немоќ да ги решаваат проблемите се обидуваат да ги покријат и за миг да заборават на нив. Во сите овие изминати години владејачките партии, без исклучок во секоја од земјите во регионот, избегнуваа да се соочат со најголемиот проблем што ја нагризува иднината на сите граѓани. Како една од „невидливите“ појави е проблемот со високата корупција и со неефикасниот правосуден систем. Со години од сите владејачки партии се обидуваат да ги поттурнат овие прашања, кои ги засегаат сите граѓани еднакво. Наместо храбро да се соочат и да им се спротивстават на криминалните структури што навлегува во сите сфери на економското и општественото дејствување, раководени од политичкото влијание, случаите со високата корупција се стават во архивите како нерешени предмети.
Но тоа што нашите балкански политичари се обидуваат да го прикријат од самите себе и од граѓаните ни излегува на површината, во сите меѓународни извештаи во кои се посочуваат многубројните проблеми што се присутни во земјите од регионот. И тогаш нашите балкански лидери не сакаат да го видат и прочитаат тоа што на многу јасен јазик е напишано во тие извештаи. Наместо сериозно „зачистување“ на сопствениот дом, носителите на државни функции се однесуваат како и секој обичен балкански домаќин што се обидува да го потсреди домот набрзина, надевајќи се дека гостинот нема да го забележи правот што се насобрал на покуќнината, а другата нечистотија едноставно да ја стави „под тепих“.
Во земјите од регионот многу проблеми долго време стојат нерешени. Во некои од земјите, како што се Србија, Црна Гора и Албанија, борбата против организираниот криминал се води недоволно ефикасно и со повремени акции на безбедносните служби. Тоа што постојано се случува во сите земји е непреземање ефикасни истраги за предметите од организираниот криминал, што би довело и до конфискување и на нелегално стекнатиот имот на поединци или групи. Наместо развивање на регионалната соработка, земјите од Балканот го оставаат решавањето на билатералните спорови за некое идно време. Но затоа секогаш се обидуваат да ја прикријат сопствената вина и секогаш се подготвени да ја извадат „нечистотијата“ од минатото, а за тоа секогаш да ја обвинат другата страна! Како проблеми што постојано се поттурнуваат на страна се отсуството на демократски слободи и правото на слободно медиумско изразување на неистомислениците со власта, како и непочитувањето на човековите и малцинските права.
Кај сите земји од регионот се наметнува потребата од менување на „домашното“ однесување, заради побрзо надминување на проблемите на граѓаните, кои се споменуваат во уметничкиот перформанс. Неопходно е да се преземе генерално чистење, а секој треба прво да тргне од сопствениот дом и двор. Откако тоа ќе го направат секој(а) поединец и земја, треба да следува регионална генерална „еколошка“ акција
Најголемиот проблем што ги засега сите граѓани од Балканот е економското заостанување на целиот регион. Покрај високата стапка на надворешна миграција, вработувањето на младите претставува сериозен проблем, што дополнително го поттикнува иселувањето на населението од овие простори. Продолжуваат ниските стапки на економски раст, а надворешната задолженост на државите го надминува разумното и подносливо ниво. Наместо да се изнаоѓаат реални и издржливи решенија за подобрување на економската слика, недоволно ангажирано се пристапува кон иницијативите за поголемо регионално пазарно интегрирање. Чекорите што се преземаат во подобрувањето на регионалната бизнис-клима се сведуваат на протоколарни изјави на политичките лидери.
Кај сите земји од регионот се наметнува потребата од менување на „домашното“ однесување, заради побрзо надминување на проблемите на граѓаните, кои се споменуваат во уметничкиот перформанс. Неопходно е да се преземе генерално чистење, а секој треба прво да тргне од сопствениот дом и двор. Но одговорноста за создавање „почиста“ средина е кај политичките водства, кои преку сопственото однесување ќе бидат пример и за сите други граѓани. Откако тоа ќе го направат секој(а) поединец и земја, треба да следува регионална еколошка акција.
Поединечното дејствување како земја има ограничено дејство, затоа што глобалните компании својот развој го гледаат низ поширока територијална призма. Добар пример за тоа е дејствувањето на Европската Унија и во последно време на Кина, која своите долгогодишни развојни проекции го гледа преку инфраструктурен развој на целиот Балкански Регион. Колку порано се почне со расчистувањето во сопствениот двор и порано се излезе од националните рамки, толку побрзо Балканот ќе биде поблиску до светските економски и политички текови.