Сите примери само покажуваат дека младите од Македонија заминуваат и поради нефункционалната држава, поради нефункционалниот систем, лошиот здравствен и образовен систем, неодговорноста на институциите, корупцијата, бирократизираната администрација и сѐ што го прави неподнослив животот овде. Тие млади веќе не ѝ веруваат на државата, на политичарите, дека ќе биде подобро, дека ќе дојде правната држава. Сите овие проблеми се суштински и за нив решение треба да има државата
Многу често младите на шега велат дека за 30 години отсега најатрактивни ќе бидат генерациските средби во родните градови, каде што некогашните пријатели, другари, ќе се среќаваат за да се присетат на своeто детство и на својата држава… Тие иселенички средби ќе имаат голема можност да станат традиција, која ќе потсетува на една изгубена и иселена држава. Иако многумина сметаат дека младите од Македонија се иселуваат поради поголема заработувачка, сепак анализите покажуваат дека парите не се секогаш главниот мотив. Тоа го потврдува и фактот дека со години од Македонија заминуваат висококвалификувани кадри, пред сѐ од информатичката технологија, кои и овде можат да заработат солидни плати, но сепак заминуваат во странство.
Куриозитет е и што сѐ повеќе македонски државјани одлучуваат браковите да ги склучат во странство. Ова го покажуваат и последните статистички податоци на Државниот завод за статистика за минатата година, кога во Македонија биле склучени вкупно 13.494 брака, а надвор од земјава биле склучени дополнителни 1.295 брака, во кои најмалку еден од сопружниците е македонски државјанин, но во најчест случај и двајцата се македонски државјани. Тоа значи дека околу 10 отсто од браковите на македонските државјани се склучени надвор од нивната матична држава.
Овој податок, според демографите, е само потврда на еден од показателите за големиот број младо население што се иселува од државата, а семејството го оформува надвор, претежно во некоја од странските држави. Ова е само еден од показателите на масовното иселување на младите. На пример, сите истражувања покажуваат и дека над 70 отсто од студентите сакаат да ја напуштат државата.
Зошто? Која е причината? Што не им се допаѓа ним овде, а им се допаѓа во Европа?
Тие примери само покажуваат дека младите од Македонија заминуваат и поради нефункционалната држава, поради нефункционалниот систем, лошиот здравствен и образовен систем, неодговорноста на институциите, корупцијата, бирократизираната администрација и сѐ што го прави неподнослив животот овде. Тие млади веќе не ѝ веруваат на државата, на политичарите, дека ќе биде подобро, дека ќе дојде правната држава. Сите овие проблеми се суштински и решение за нив треба да има државата.
Но дали и колку државата се фокусира на овие решенија? Што направиле политичарите за да го подобрат животот, да ја осигурат правната држава? Кои реформи се спроведени за подобро здравство, образование? Сите овие прашања остануваат без конкретен одговор.
Статистиката останува единствен сведок за трагичната македонска демографија. Со години во анализите се бележи пад во наталитетот, а зголемување на бројките на иселувањето на младите. Освен медиумските написи и понекоја анализа, ретко кој му посветува сериозно внимание на овој проблем.
Статистиката останува единствен сведок за трагичната македонска демографија. Со години во анализите се бележи пад во наталитетот, а зголемување на бројките за иселувањето на младите. Освен медиумските написи и понекоја анализа, ретко кој му посветува сериозно внимание на овој проблем. Ова прашање бара сериозни и научни анализи, а не само дневнополитички оцени. Не е доволна само критиката, потребно е ангажирање на науката, на институциите, за да се подготви прво темелна анализа зошто се случува ова, а потоа и план како најсоодветно
да се одговори
Статистичките податоци покажуваат и уште еден загрижувачки факт, а тоа е тенденцијата на промена на етничката карта на Македонија. Со години опаѓа бројот на новороденчиња од родители етнички Македонци. Тоа, пак ќе овозможи да се промени сериозно демографската структура на населението и во некои идни години етничките Македонци да дојдат до границата на 50 отсто од населението во земјава.
Дилемата е како ќе изгледа Македонија за една-две децении подоцна? Ќе стане ли државата еден голем старски дом? Има ли кој да го носи на грб развојот на економијата ако младите продолжат да се иселуваат со ова темпо?
Сето ова се само прашања, кои сите ги поставуваат, а речиси никој не нуди конкретен одговор. Најчудно е што оние што се најзадолжени да понудат решенија, државата и институциите, молчат или, пак, овој проблем го користат само за дневнополитички цели.
Македонија не е единствена држава што има проблем со демографската слика. Иселувањето е карактеристика и на други држави од Источна Европа и од Балканот, но Македонија е една од ретките држави што немаат стратегиски план како да го спречат одливот на кадри. Ова прашање бара сериозни и научни анализи, а не само дневнополитички оцени. Не е доволна само критиката, потребно е ангажирање на науката, на институциите, за да се подготви прво темелна анализа зошто се случува ова, а потоа и план како најсоодветно да се одговори. Бизнис-заедницата исто така мора да биде вклучена во овој план, нивните искуства се почетна основа што треба да се менува.
Најважно е од негде да се почне.