За Македонците под грчка власт еден ден е подолг од сто години

Приказната за заборавениот рај на осаменоста на Петрета каде што на својот разбој во Слоештица ја ткаел македонската приказна во нераскинливи јазли од зборови за плевелот нѐ опоменува дека лесно можеме да отидеме отаде планината, во заборавот. Така беше и со Куќата во Небрегово на Блажета сѐ додека не се најде јунак да ја обнови… Така може да биде со сите нас, да бидеме заборавени и да ни се пресече синџирот што нѐ поврзува

Треба да се читаат домашни автори зашто така го негуваме семејното стебло. Да, и треба да го надградуваме семејното стебло, да бараме стари фотографии, писменца, накит, еполети, бајонети, пушки и пиштоли, разбои, носии, опинци… стари книги. Нешто секогаш ќе научиме, ќе откриеме и некоја тајна, нешто што требало да остане само во семејството. Приказната за заборавениот рај на осаменоста на Петрета каде што на својот разбој во Слоештица ја ткаел македонската приказна во нераскинливи јазли од зборови за плевелот нѐ опоменува дека лесно можеме да отидеме отаде планината, во заборавот. Така беше и со Куќата во Небрегово на Блажета сѐ додека не се најде јунак да ја обнови… Така може да биде со сите нас, да бидеме заборавени и да ни се пресече синџирот што нѐ поврзува.
Да останеме на темелот свој! Старите велеа „немој да го тепаш смокот што ти спие под прагот куќен, тој ти е чувар на куќата“. Та, затоа, иако си излегол од тој куќен праг, секогаш размислувај пак да го пречекориш враќајќи се во скромните одаи на твоите предци. Има и зошто, има и смисла оти не е сѐ во парите. Можеби во запуштената градина на татко ти или на дедо ти навистина има закопано ковчеже со злато. Трагај по сопственото наследство, по азното што ти припаѓа, во спротивно друг ќе ти го грабне!
И така некој си копал по семејната скромна архива, ама имал што да види. Стари фотографии, часовници, значки, разгледници, слики од некое село, па и пајтони, па една дури со потпис на некојси Манаки. Можеби е токму тој Манаки што го сликнал и пашата, последниот отомански император. И еден преведен документ. Еве што се кажува во тој писмен акт издаден од грчката држава:
„Кирос Скемпис од татко Димитриос и мајка Екатерина, кој е роден во Пенталофос, Тесалоники, беше запишан во евиденцијата на жителите при нашата Општина под реден број (…) и година на негово раѓање 1930, а беше отпишан како лице од друг род на 28 август 1944 година во согласност со одлуката број 28789/50 на господинот префект на Тесалоники. Не беше составен матичен акт на родените за гореспоменатиот поради тоа што Матичната служба при нашата Општина започна да функционира од 1.1.1931 година“.

Во две реченици многу работи се содржани, една компресирана историја на репресија, асимилација, чист фашизам, геноцид. Тој што копал по семејната архива знаел дека татко му не се викал Кирос, туку Киро, дедо му бил Димитар, а баба му Катерина, сите Шкембови. Пенталофос, што на грчки значи пет тумби (навистина селото е омеѓено меѓу пет високи тумби поголеми од наш Зајчев Рид, и најверојатно станува збор за поголеми антички гробници), на македонски се вика Градобор. Преименувано. Во таа нова Грција сѐ било преименувано, па дури и надгробните споменици се менуваат, а старите црковни фрески се премачкуваат и се живописаат со нов ракопис само и само да нема македонски белег. Човек веднаш ќе се праша – па добро овие Грциве се христијани или не се? Шо вера се керата, наш човек од Беломорието би прашал. Е што вера, а? Кога на едно момче од само 14 години му го одзеле државјанството и го направиле апатрид затоа што не бил Грк по род. Ова не е само одговор на тоа што вера се, туку е дефиниција за фашизам, не барајте објаснување по речници, со ова сѐ е јасно и бистро, подобро е да се запрашаме кој поддржува фашизам. И тој што ја потпишал Преспанската спогодба и тој што ја скроил и тој што ја поттурил за признавање и усвојување… требало да знаат дека ставаат потпис со изјава – и јас сум фашист, оти само по себе тоа е поддржување на фашизмот. Тие признаваат само некој што е по род тоа што е, значи Грк, Елинос, а другите што не се, тие се одроди по род и раѓање. И за нив нема државјанство, ги нема во книгата на родени, ги нема, ги снемува. Ете ти геноцид. Такви случаи има на илјадници само во Грција. Ги има и во Бугарија. Од таа политика не настрадаа само Македонците, настрадаа и Евреите на кои им се одземени имотите, насилно се протерани, еден дел и депортирани во нацистичките логори каде што се ликвидирани. И тие не биле Грци по род. Но Грција, како и Бугарија, никогаш не им се поклони на Македонците и на Евреите за да им се извини за она што го направиле нивните предци, а се нарекува злосторство против човештвото.
Логично е да се извиниш во 21 век за нешто многу големо што некој го направил пред еден век, оти како ќе одиме натаму, како ќе живееме под еден покрив? И ете да прашам – ќе го одбележи ли некако Грција датумот на објавувањето на македонскиот буквар „Абецедарот“, отпечатен во Атина во мај 1925 година. Ќе кажат ли токму од Атина дека пред сто години еден буквар се отпечатил на леринско-битолско наречје за да можат македонските дечиња да си го учат мајчиниот јазик? Букварот е отпечатен под притисок од Друштвото на народите (денес Обединети нации), кои тогаш знаеле и виделе дека во тогашна Грција, која брзо ја зголемува територијата окупирајќи големи делови од Егејска Македонија, има Македонци што говорат македонски јазик.

Годинава се одбележуваат сто години од печатењето на македонскиот буквар во Атина. Кој го подготвил „Абецедарот“ и како точно знаел да го избере говорот? Дал тоа беше Григор од Прличеви, ил Крсте Мисирков од Постол, ил можеби тоа беше јазикот на Чупоски, ил тоа беше извадено од напишаното во Каменот од Розета, од записите на Филип и Александар или од Аристотела…? Ете, копаме по нашите записи и ете ние си ги разбираме, јасен ни е јазикот на нашите предци, знаеме до каде допира нашето писание, а некој дрско, бесрамно и анихилаторски сака да ни го пресече тој килим ткаен со векови. А за Македонците во и под Грција, јасно е, овие 100 години за нив не се предолги, оти за нив некогаш и денот траел подолго од еден век

Ете, тогаш знаеле, а денес среде Европа за ова ништо не знаат, односно не сакаат да знаат. Тие сакаат да нѐ модернизираат, да станеме нација со модерен македонски јазик. Нација што до вчера демек зборувала бугарски јазик, ама ете се случило сега да зборува модерен македонски јазик. И потоа ќе ни се јавуваат по телефон тоa Европејците, па ќе ни кажуваат, ајде што кревате врева, па ние во ЕУ не преговараме за идентитети. Супер, и ние не преговараме за идентитетот, иако некој толку многу се залета, толку многу високо летна, па и идентитетот го продаде.
За жал, иако „Абецедарот“ беше отпечатен, тој не виде бел ден, беше административно забранет како опасна книга, едно букварче што ќе ги описменуваше македонските дечиња. Тие морале да останат неписмени по македонски јазик, а да се описменат (само до одредено ниво и тоа е политика) на грчки јазик. Така, ете роднината на овој што копал по семејната архива, кога одел во аптека барал „хапја“ оти тој пиел иљач и апови, а фармацевтот му се смеел, па му рекол дека треба да бара „фармакја“. И тој роднина прекрстен и никогаш доволно погрчен немал можност во раце да го врти букварот барем додека ги пасел кравичките по селските полиња. И по потпишувањето на преспанската геноцидна спогодба тој буквар нема да види бел ден затоа што тоа е така запишано во главите и во протоколите на Грција и на Европа – никако Македонија на Македонците, а тоа подразбира и македонски јазик. Би поставил едно интересно прашање – кој го подготвил „Абецедарот“ и како точно знаел да го избере говорот? Дал тоа беше Григор од Прличеви, ил Крсте Мисирков од Постол, ил можеби тоа беше јазикот на Чупоски, ил тоа беше извадено од напишаното во Каменот од Розета, од записите на Филип и Александар или од Аристотела…? Ете, копаме по нашите записи и ете ние си ги разбираме, јасен ни е јазикот на нашите предци, знаеме до каде допира нашето писание, а некој дрско, бесрамно и анихилаторски сака да ни го пресече тој килим ткаен со векови. А за Македонците во и под Грција, јасно е, овие 100 години за нив не се предолги, оти за нив некогаш и денот траел подолго од еден век. Кога други живееле во модерното, тие биле оставени во векот на темницата. Да живеат под забрана да го зборуваат јазикот што го носат уште во утробата на своите мајки. Тоа денес се поддржува во современа и модерна Европа. Испратете ѝ поздрав на Европа, испратете ѝ насмевка на Европа, бакнеж и целувка! Те сакаме, мадам Европа!