Уште едно навраќање на мотивот – сообраќај

Над осум илјади граѓани викендов излегоа на скопските улици со велосипеди, а некои од нив со своите деца во колички, на ревијалната трка „Вози право – вози здраво“. Мотивот на оваа трка не беше да се победи, туку граѓаните да ги остават возилата и барем час-два физички да се активираат и да се дружат. И додека зборуваме за убавите настани во кои фокусот е на велосипедистите, уште на еден мотив е неминовно да се навратиме, а тоа е – возењето на сите учесници во сообраќајот според предвидените правила и прописи!

Скопските улици викендов изгледаа убаво. Од портата „Македонија“ до Градскиот парк беше убаво да се почувствува таа енергија бидејќи улиците беа преполни со учесници од сите возрасти.
Над осум илјади граѓани викендов излегоа на скопските улици со велосипеди, а некои од нив со своите деца во колички, на ревијалната трка „Вози право – вози здраво“. Мотивот на оваа трка не беше да се победи, туку граѓаните да ги остават возилата и барем час-два физички да се активираат и да се дружат. Најубави за гледање беа децата, но и родителите што дојдоа со своите деца во колички, а дечињата беа пресреќни што учествуваат на ваков настан.
Убаво беше да се види дека сепак имаме еколошки свесни генерации, дека имаме родители што сакаат да ги научат своите деца на здрави навики.
Вакви настани треба да имаме почесто и истите тие се за поздрав.
И додека зборуваме за убавите настани во кои фокусот е на велосипедистите, уште на еден мотив е неминовно да се навратиме, а тоа е – возењето на сите учесници во сообраќајот според предвидените правила и прописи! Овој мотив би сакала да го направам како лајтмотив, или мотив во пакет со другите мотиви кога се приклучуваме како активни учесници во сообраќајот.

И додека зборуваме за убавите настани во кои фокусот е на велосипедистите, неминовно е да ги споменеме предизвиците на велосипедистите, па и на сите оние што се учесници во сообраќајот, кои, условно речено, управуваат со возила што се од поранливата категорија и се позагрозени во сообраќајот (велосипеди, мопеди, тротинети итн.). Сите тие се чувствуваат загрозено од оние што управуваат патнички моторни возила, кои се „посилни“ и погабаритни во сообраќајот (автомобили, комбиња, камиони, автобуси), доколку, се разбира, не се почитуваат сообраќајните правила и прописи. А тоа, мораме да признаеме, е – често!
Така, ги имаме и крајно несовесните возачи, кои воопшто не ги сметаат велосипедистите за учесници во сообраќајот. Тие ги паркираат своите возила на велосипедските патеки, па велосипедистите се принудени да се вклучат на улиците, каде што директно си го загрозуваат сопствениот живот.
Тие исто така ги ставаат во ризик животите на сограѓаните управувачи со велосипеди, тротинети и мопеди, бидејќи многу често не ги почитуваат правилата во сообраќајот и како „посилни возила“ не ги сметаат другите дека се активни учесници во сообраќајот, па им го препречуваат патот, им ја сечат патеката на движење, се доближуваат преблиску до нив, ги загрозуваат со својот габарит, со буката што ја прават, па дури и со создавањето страничен воздушен притисок при брзо возење на големогабаритните возила што минуваат покрај велосипедистите или тротинетџиите…
Но, од друга страна, имаме велосипедисти што возат непрописно по сообраќајниците, кои не носат соодветна заштитна опрема, кои кацигата си ја носат закачена на воланот или на рака.

Па оттука се прашувам дали оваа категорија граѓани се во тек со случувањата и настанатите во градот, бидејќи очигледно ниту една порака за безбедно возење не допрела до нив.
Токму тие се и најчестите жртви, но и причинители на сообраќајни несреќи.
Воопшто да не ги споменувам и оние што ги пуштаат своите деца по улиците да возат крајно небезбедно.
Да, луѓето кај нас навистина сакаат да возат велосипеди, тоа е видливо и од самото тоа што субвенциите од сите општини максимално се искористуваат, но факт е дека велосипед треба да се вози прописно, бидејќи и тој вид сообраќај знае да биде ризичен и животозагрозувачки.
Не е поентата да се качиме на велосипед, а притоа да не ги почитуваме правилата, кои, сакале ние или не, постојат, и тоа исклучиво и само заради нашата безбедност.

[email protected]