„Македонски гамбит“ за Охридскиот договор

Веќе конфузниот, конфликтен и поранешен балансер, лоциран како генератор на многу системски проблеми, најавениот Закон за правична застапеност и идната примена и постоење на Охридскиот рамковен договор, таков – каков што е, може да се трансформираат во форма за почеток и на политички реформи во државата… Индикативно е што од давање конструктивни сугестии за надминување на „балансерските предизвици“ раце дигнаа и странските амбасадори иако клучните амбасади на ЕУ и САД беа и директни арбитри во неговото донесување, потпишување и легализирање. Сега тие дејствуваат „во дифенс“, повлечено во амбасадите зад дипломатските завеси на неутралност и наводно немешање во внатрешните работи на Македонија, која секако дека им е важна и потребна!

Големата јавна и скриена вознемиреност по укинувањето на балансерот се претвора во уште едно залудно и нефункционално губење време и енергија на актуелните политички и државни субјекти, кои самите немаат енергија и не се способни да ја решат состојбата, а жестоко се трудат и да се претстават како единствена надеж на државата!
Уставниот суд го укина балансерот како најголем и најсуштински дел на Охридскиот рамковен договор. Собранието сега чека „во низок старт“ на новиот предлог, владејачката партија Влен тврди дека „имала готов Закон за правична застапеност“ подготвен од „познати експерти, ама не сакала да го објави“!?
Но бидејќи балансерот фактички веќе не постои, а со тоа не постои и најголемиот суштински дел на Охридскиот рамковен договор, веќе нема простор ниту за политичка комоција, ниту за екбилибристики и досега практикувани политички одолжувања, па што поскоро треба да се најдат реформски сили за можно решение за оваа потенцијална (уставна) криза, бидејќи Охридскиот рамковен договор е суштина на Уставот.
Индикативно е што од давање конструктивни сугестии за надминување на „балансерските предизвици“ раце дигнаа и странските амбасадори иако клучните амбасади на ЕУ и САД беа и директни арбитри во неговото донесување, потпишување и легализирање. Сега тие дејствуваат „во дифенс“, повлечено во амбасадите зад дипломатските завеси на неутралност и наводно немешање во внатрешните работи на Македонија, која секако дека им е важна и потребна!
Веќе конфузниот, конфликтен и поранешен балансер, лоциран како генератор на многу системски проблеми, најавениот Закон за правична застапеност и идната примена и постоење на Охридскиот рамковен договор, таков – каков што е, може да се трансформираат во форма за почеток и на политички реформи во државата… Со негова ревизија, со предлагање амандмани за измени, со учество на оние истите страни во договарањето од сегашната државна поставеност, но во отворена атмосфера! За тоа постојат реални потреби, но и конкретни предлози, кои засега се држат во сопственост на одредени конструктивни авторитети, кои не љубат многу политикантство и воопшто кавгаџиска јавност, примитивна борба за власт без компромиси и вредносни принципи и на крајот на краиштата, личен и општествен морал за насочување на општествената енергија во конструктивен и позитивен правец.

Дали таква реконструкција на Охридскиот рамковен договор ќе значи комплетна реконструкција на сегашниот политички ракурс на партиите во власта и опозицијата, што како да станува неминовно и неизбежно, доколку резултатите донесат просперитетна и модерна национална држава (не некоја виртуелна граѓанска држава, замислена како ин виво експеримент на глобализмот и неолиберализмот), држава што ќе може да функционира самостојно како нормален меѓународен државен субјект, не треба во почеток да се сфаќа како евроскептична и невозможна! Можеби тука е и клучниот проблем за реконструкција на поставеноста на уставниот систем и државата во целост, за да се случи радикалниот пресврт кон позитивен развој наспроти деструкција, владеење на корупцијата и криминалот и уништување на основните вредности, универзални и национални!?

Доколку реформските резултати донесат просперитетна и модерна НАЦИОНАЛНА држава (не некоја виртуелна граѓанска држава, замислена како ин виво експеримент на глобализмот и неолиберализмот), имено, држава што ќе може да функционира самостојно како нормален меѓународен државен субјект, не треба во почеток да се сфаќа како евроскептична и невозможна!

„Македонскиот гамбит“ преку реформа, реконструкција или нов охридски самит за Охридскиот рамковен договор, за што можеби никој и не размислувал, е отворен, само прашање за познатите актери од македонска страна и од страна на познатите странски учесници, ЕУ и НАТО и нивната вистинска намера е што се сакало, што се успеало и што се има намера да се постигне во и преку Македонија! Впрочем, секој договор се потпишува, се применува и по одреден период се дополнува, а ако треба и се поништува и се заменува со нов, кога може да дојде до фронт меѓу страните, па,… потоа судски расчистувања пред надлежен суд, а кога ќе се пресметуваат штети и жртви!

Илија Максимовски